Инстант кафето е вистинска калориска бомба
Во последно време инстант кафињата стануваат се поомилени. Не е потребно многу време да се подготват – една кафена лажичка инстант прашок и врела вода и напитокот е готов.
Екстрактите на кафе или инстант кафето се прават секако од кафе, така што растворливите супстанции од кафето се издвојуваат, им се одзема водата и така настанува концентрат во вид на топчиња или прашок. За овој производ важат строги правила и строго е забрането да се додава било што друго освен супстанции од кафе.
Сепак, некои инстант варијанти имаат поинаков вкус од вистинското кафе, но кому тоа не му смета има брза алтернатива за вистинско кафе. Инстант кафето содржи и кофеин, освен ако не е намерно исфрлен и без шеќер или млеко овој напиток има исти калории (малку) како и нормалното кафе.
Бројот на калории се зголемува драстично доколку се работи за прашок за капучино кафе. Покрај кафе, тука има шеќер, обелувач за кафе и голема количина додатоци, како што се ароми, билни масти и стабилизатори. Иако шеќерот му дава пријатен вкус на овој напиток, му дава и дополнителни (непотребни) калории.
Истражувањето на германскиот Stiftung Warentest покажало дека во инстант капучиното може да има и до 60% шеќер! Тоа значи дека во 200 мл. Од напитокот има 4 коцки шеќер. Ако произведувачот има напишано на пакувањето дека прашокот се состои од гликозен сируп, лактоза, глукоза… тогаш се работи за шеќер.
Во ЕУ производителите на овие инстант напитоци се приморани да ги објавуваат сите сотојки на производот и да ги наредат според нивниот квалитет. Тоа значи дека ако некоја состојка е напишана прва на амбалажата на производот, тоа значи дека го има премногу во производот.
Во прашокот има и други супстанции, како оние што доведуваат да се создава млечната пена, потоа оние кои даваат вкус (ванила, лешник, карамела…) и можат во себе да содржат и ароматизирани шеќерни сирупи. Вистинската главна состојка на капучиното, еспресото или силното црно кафе, воглавно недостасува во овие инстант напитоци. Наместо тоа, произведувачите го мешаат прашокот со инстант кафе и така настанува прашокот кој има многу мал процент на кафе. Некои тестирани инстант капучина имаат во себе толку малку кофеин, што тој буквално не се ни чувствува.
Лате макијато и ледените кафе напитоци имаат уште повеќе калории, бидејќи содржат многу повеќе масти од капучиното. Покрај тоа, многу прашоци за ледено кафе се мешаат со млеко, така што на крајот има уште повеќе калории.
Во секој случај, во зависност од тоа колку ќе ставите прашок во својата шоља, толку ќе внесете и калории. Ако во тој инстант напиток додадете млеко, бројот на калории уште повеќе ќе се зголеми. Затоа е добро ако внимавате колку калории внесувате во својот организам, самите да си го подготвувате капучиното, дали со еспресо или со обично кафе. Така сами одлучувате колку млеко ќе ставите и дали својот напиток ќе го засладите со шеќер или не, како и ќе ја одредите количината на ставен шеќер. И уште едно нешто важно, притоа ги одбегнуватее разните ароми, стабилизатори и масти кои се составен дел од овие инстант напитоци.