Во западните земји е се популарен индискиот начин на исхрана, кој се базира на јадења од ориз. Оваа диета се темели на традиционалната индиска кујна, каде доминираат јадења богати со јагленохидрати и многу егзотични зачини.

На врвот на диеталното мени се наоѓа оризот со кари и цимет. Кари е многу популарен зачин во Индија, кој го забрзува метаболизмот повеќе од која било друга намирница. Иако се консумира во мали количини, карито има способност да го спречи растот на масните ткива.

Индиската диета трае седум дена, за кое време можете да загубите дури и до седум килограми. За време на диетата е забрането да се пијат други течности освен обична вода и црн чај без шеќер. Ако сте се обиделе со многу диети, а тие не успеале, обратете внимание на оваа диета. За разлика од повеќето диети, оваа не само што го овозможува, туку и го охрабрува користењето на зачините. Тоа значи дека нема само да јадете свежа, туку и вкусна храна!

Суштината на индиската диета

Оваа храна не може да се нарече диетална во буквална смисла на зборот, бидејќи таа е стандардна исхрана на многумина во Индија. Но, Европејците не се навикнати на ваквата исхрана и ќе можат лесно да загубат од својата тежина.
Исхраната се базира на јадења од ориз, многу зачини, крајво млеко и црн чај. Можеби се чини дека ваквата исхрана не ги задоволува потребите на организмот за хранливи материи, но не е така. Индиската диета ви овозможува да добиете доволно од сите потребни минерали и витамини. Така, оризот му дава на телото јагленохидрати, витамин Б и многу минерали. Млекото содржи масти, протеини и микронутритиенти. А, кофеинот од чајот како и зачините ја забрзуваат размената на овие супстанции, со што се придонесува за брзо губење на вишокот килограми.
Покрај главните производи, индиската исхрана овозможува многу овошје и зеленчук, кои се богати со витамини, минерали и влакна.

 

 

Мени

Треба стриктно да се придржувате до препорачаната диета, бидејќи во спротивно нема да ги постигнете посакуваните резултати.

indija2

Ден 1.

Појадок: чаша млеко, банана

Ручек: 3 лажици варен ориз, 150 грама зеленчук (морков, пиперка, домат), динстани со кари

Вечера: шолја црн чај без шеќер и 300 гр. динстан зеленчук (она што сте го јаделе за ручек)

Ден 2.

Појадок: половина грејфрут, шолја црн чај

Ручек: 6 лажици варен ориз со млеко и лажичка кари

Вечера: шолја кравјо млеко

Ден 3.

Појадок: 2 мандарини, чаша млеко

Ручак: 5 лажици ориз со кари и шолја црн чај

Вечера: 5 лажици ориз, 2 мандарини

Ден 4.

Појадок: зелена салата и краставици зачинети со маслиново масло, шолја црн чај

Ручек: 2 варени компири со сол, чаша млеко

Вечера: салата од 1 јаболко и 1 морков со сок од лимон и 1 лажичка мед

Ден 5.

Појадок: 2 варени јајца, чаша млеко

Ручек: 100 гр. варена боранија, шолја црн чај

Вечера: 5 лажици варен ориз со сол, шолја црн чај со цимет

Ден 6.

Појадок: 1 портокал, 10 бадеми

Ручек: 6 лажици варен ориз со кари и сол, шолја црн чај

Вечера: 6 лажици варен ориз со кари и сол, чаша млеко

Ден 7.

Појадок: салата од 1 домат и 2 пиперки зачинети со маслиново масло

Ручек:7 лажици варен ориз со кари и сол, чаша млеко

Вечера: банана и грејпфрут

Во текот на сите седум дена можете да пиете вода во неограничени количини

Ефикасност од индиската диета

Стапката на слабеење зависи од тоа колку во телото се одвиваат активни процеси. Значи, немојте да се изненадите ако загубите повеќе или помалку од она што сте очекувале. За недела дена, би требале да загубите 6 – 9 килограми. За жал, индиската диета не е добра за оние кои страдаат од кардиоваскуларни болести и болести на дигестивниот тракт.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина