Имелата ефикасно го намалува високиот крвен притисок. Уште Хипокрит ја споменува како исклучително ефикасен лек против вртоглавица и епилепсија. Во средниот век имелата ја користеле за лекување срцеви заболувања и против крварења. Таа содржи зелена смола, етерично масло, гума, восок, флавонски хетерозиди и други вредни материи.

 

Покрај што е откриено дека е регулатор на крвниот притисок, работата на срцето и  циркулацијата, таа помага и кај хормонски нарушувања и нарушувања на метаболизмот. Лекува главоболка, грчеви, ги олеснува нападите од ангина пекторис и артериосклероза. Остранува замор, страв, губење воља… Има и диуретско делување, го поттикнува мокрењето, па е корисна и во случаите на мокрачни каменчиња и бубрежни тегоби.

 

Ефикасна е и при дегенеративни воспалителни болести на зглобовите, склероза и климатерични тегоби. Уште одамна се користела за лекување тумори, а и денес се употребува за превенција од рак, бидејќи делува антиканцерогено.

 

 

Готов чај

 

Една лажичка имела навеќер се прелива со 200 милилитри студена вода, се поклопува и се остава да остои преку ноќ. Наутро се процедува и се пие без шеќер и мед во текот на денот, во мали голтки.

 

 

Маст од имела

 

Маста се прави од белите бобинки, кои се мијат и се мелат или се гмечат со свежа свинска маст. Потоа со оваа маст се мачкаат болните зглобови.

 

 

Сок и капки

 

Свежите листови од имела можат да се смелат во соковник и да се пијат. Но, подобро е да се пие сок од готови капки од имела, кои се ставаат по 25 во чаша вода.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина