Оние кои го имаат доживејано тоа, знаат дека не постои ништо полошо од продорниот звук на рчењето кој ја попречува ноќната тишина и со самото тоа и сонот. Но, рчењето може да биде и повеќе од напорно искуство – може да укажува на сериозни здравствени проблеми како што се синдромот на апнеа или може да поттикне кардиоваскуларни болести.

 

До рчење доаѓа при спиење. Тогаш дишните патишта премногу се стеснуваат и поради силното вовлекување воздух увулата вибрира и настанува звукот на рчење.

 

Што може да го поттикне рчењето?

 

Доколку обично не рчите, причината за него може да биде алкохолот, кој може да го затне носот. Ако веќе рчите, од алкохолот уште повеќе ќе рчите. А, може да се рчи и поради следниве причини:

Прекумерна дебелина – масното ткиво во пределот на вратот притиска и ги ги стеснува дишните патишта.

Затнат нос – поради настинка, алергија или од некоја друга причина имаме потреба за силно вовлекување на воздухот.

Спиење на грб – при оваа положба јазикот се поместува кон задната страна на грлото и ги затвора дишните патишта.

Големи мандули – тие се една од главните причини поради која децата рчат.

Пушење – го поттикнува таложењето на супстанциите во дишните патишта, кои ги стеснуваат.

Бременост – за време на бременост, рчење се јавува во второто или третото тромесечие.

 

Како да се спречи рчењето?

 

Поради тоа што причините за рчењето се различни, постојат неколку начини со кои можеме да се обидеме да го спречиме:

  • одбегнувајте да пиете алкохол непосредно пред спиење
  • обидете се да ослабнете ако имате проблеми со вишок на килограми
  • престанете да пушите
  • обидете си да си дозволите доволна количина сон

 

Тагови: рчење
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина