Кашлате со стиснати колена? Се смеете воздржано и одбегнувате физички напор? Инконтиненцијата може да го наруши секојдневното живеење на човека – на психички, интимен и професионален план.

 

Податоците се поразителни – инконтиненцијата во светот погодува околу 65 милиони жени на возраст помеѓу 35 и 45 години и е честа појава по породувањето.

 

Инконтиненција е неволно истекување на урината, а поради нејзините физички симптоми, како ослабнат мочен меур и неконтролирано истекување, инконтиненцијата предизвикува загриженост, чувство на срам, па дури и општествена изолираност. Оние кои имаат инконтиненција ретко сакаат да зборуваат за својот проблем. Иако стручњаците нагласуваат дека оваа тегоба треба на време да се открие, за да може соодветно да се лекува и контролира, поголем дел од жените не сакаат или не знаат како да побараат помош, а кога ќе ја побараат, обично веќе е предоцна.

 

Инконтиненцијата може да се појави во распон од полесна до потешка, а денес постојат многу опции на лекување, но за успех на која било метода важно е трпението и упорноста на жените и секако менувањето на животните навики – намалување на телесната тежина, вежбањето, одбегнувањето газирани пијалоци и кофеин и слично.

 

На многумина жени најнепријатна е последицата од инконтиненцијата – истекување на урината без контрола и непријатната миризба. Денес, за среќа, постои цела низа хигиенски помагала кои ќе го намалат чувството на влажност и кои ќе го сопрат ширењето на непријатните миризби.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина