Играњето тетрис во болница само неколку часа по доживејана сообраќајна несреќа може да придонесе за спречување на појавата за спречувањена појавата на посттрауматско стресно нарушување (ПТСП), покажало новото истражување на шведските и британските научници. Научниците го спровеле истражувањето над 71 жртви на автомобилски несреќи, додека чекале лекарска помош на болничкото одделение на итната служба. Стручњаците замолиле половина од пациентите на кратко да се присетат на несреќата, а потоа да почнат да играат тетрис, една од најпопуларните видео игри во која играчот сложува блокови со разни големини и бои.

Името на оваа игра потекнува од грчкиот префикс “терта” (четири), бидејќи сите фигури се состојат од четири сегменти.

Другата група добила задача да се обиде да се опушти со помош на компјутерски игри, коишто се базираат на зборови. Научниците од шведскиот институт Каролинска и Оксфордскиот универзитет утврдиле дека пациентите кои играле тетрис доживејале помалку повторени сеќавања. Имено, еден од симптомите на ПТСП е зачестеното повторување на мислите поврзани со трауматично искуство.

Резултатите од истражувањето, објавени во последниот број на списанието “Molecular Psychiatry”, покажале дека играњето тетрис набрзо по трауматско искуство го намалува бројот на мисли поврзани со непријатното случување со свртување на вниманието на мозокот од тој настан, и го менува начинот на кој се меморираат потресните сеќавања. Заклучиле и дека играњето тетрис е поефикасно во однос на другите видео игри, налик на оние кои се базираат на тривијалноста или на јазичните вештини. Причината за тоа е веројатно тоа што токму тетрисот активира различни подрачја во мозокот.

Утврдено е дека ПТСП, вид анкциозно нарушување, се развило кај секој четврт кој доживејал автомобилска несреќа. Творецот на оваа игра е рускиот научник Алексеј Пажитнов, кој во април 1984 работел како програмер во сметководствениот центар на Советската академија на науките. Тетрисот претставува спој на комјутерски игри и на неговиот омилен спорт – тенисот.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина