Од менструални болки и болки во грбот до обични главоболки, луѓето најчесто земаат аналгетици кои им се при рака, не водејќи премногу сметка за тоа кој лек е подобро да се одбере. Најчесто се користат лекови кои содржат парацетамол или ибупрофен, но важно е да се знае дека секој има поинаков начин на делување и различни нус-појави, така што треба внимателно да се бираат. Ибупрофенот го блокира призводството на разни хемиски соединенија во телото, вклучувајќи ги и простагландините кои настануваат како одговор на болест. Парацетамолот ги блокира другите ензими во мозокот и во рбетниот мозок и така ја спречува болката.

За настинка и главоболка подобар е парацетамолот

Лековите кои содржат парацетамол се подобар избор за лекување на класичните симптоми на настинка од лековите кои се базираат на ибупрофен, покажало истражувањето од Универзитетот Саутемптон. Научниците откриле дека активната супстанција на парацетамолот е поефикасна во потиснувањето на класичните симптоми на настинка, како што се течење нос, кашлица, кивавица, наздразнето грло, иако во лекувањето на настинката подеднакво се користат двата вида лекови.

Оние со чувствителен желудник треба да одбегнуваат ибупрофен

За болки во коските, грбот и стомакот подобар е ибупрофенот. Сепак, студиите покажуваат дека треба да се одбегнува долготрајно консумирање на ибупрофен, бидејќи делува многу агресивно на ѕидот на желудникот. Освен тоа, една швајцарска студија открила дека редовното консумирање на ибупрофен го зголемува ризикот за инфаркт и кардиоваскуларни болести. Меѓутоа, стручњаците истакнуваат дека е подобар избор од парацетамолот кај оние луѓе кои имаат автоимуни болести.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина