Во потрага сте по идеален начин за согорување калории? Не сте баш спортски тип, а аеробикот веќе ви се има здодеано – а како дете сте обожавале околу себе да вртите шарени обрачи? Време е повторно да ја оживеете таа навика, бидејќи со хулахопот нема да ви се чини дека вежбате, а сепак ќе ги согорувате вишокот калории.

Оваа дисциплина е прикладна како за жените, така и за мажите, без оглед на годините. Освен што ќе ви ја подобри координацијата на телото и ќе ги зајакне мускулите – хулахопот е многу ефикасен и во подигање на расположението.

Ако ова не вие доволно – погледнете ги 5 проверени причини поради кои едноставно морате да му дадете шанса на хулахопот:

 

1.Ги јакне стомачните мускули

При вртењето на хулахопот околу телото, истовремено се активираат 30 различни мускули на средишниот дел од телото. Освен стомачните мускули, се активираат и мусклите на задникот и мускулите од долниот дел на грбот. Поради ритмичните и континуирани движења хулахопот е идеален за воведување рамнотежа во средишниот дел на вашето тело.

 

2.Ги активира и јакне зглобовите

Кружните движења наизменично ги стегаат и опуштаат мускулите околу рбетот и на тој начин помагаат во снабдувањето со крв на дисковите со потребните нутритиенти.

 

3. Ве доведува во кондиција

Колку ова ,,вежбање,, да се чини само како забавна игра, тоа ќе ви го забрза пулсот и фрекфенциите на вдишувања. Еден час со хулахоп (хулахоп аеробик) троши подеднаков број калории како и еден час трчање.

 

4. Ја подобрува координацијата

За време на вртењето на хулахопот, умот мора постојано да прати што прави телото и како се движи низ просторот. Тоа особено многу ќе ги подобри вашата ритмичност и координација на телото. За да додадете уште една доза на ритамот, обидете се да го вртите обрачот со омилената музика.

 

5. Го подига расположението

Штом еднаш ќе пробате, ќе забележите дека едноставно е невозможно да го правите тоа без насмевка на лицето. Тоа ќе ве врати во детството и ќе ви разбуди убави спомени. На хулахопот може да се гледа како на еден од најефикасните антидепресиви со многу брзо делување.

Најдоброто од се е што со него може да се вежба било каде и било кога. Тој едноставно е одлична заедничка активност за целото семејство. Посебно за децата.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина