Храна за болни зглобови
Се поголем е бројот на луѓе денес кој пати од артритисм дегенеративна болест на зглобовите. Тоа ни малку не зачудува ако се земе предвиз модерниот стил на живеење, проблемот со преголемата дебелина и лошата исхрана, базирана на преработени намирници кои ги поттикнуваат воспалителните процеси во организмот.
Зглобната рскавица делува налик на перниче кое го штити зглобот за време на движењето. Кај артритис оваа раскавица е оштетена, па поради тоа се јавува здрвеност, намалена циркулација, отеченост и болка во зглобовите. Сето тоа особено многу влијае врз нарушувањето на квалитетот на животот. Добрата вест е што, иако со годините нашите зглобови и рскавица неизбежно се трошат, можеме дополнително да ги заштитиме со здрав стил на живот и консумирање намирнци кои го поттикнуваат создавањето на колагенот.
Се работи за храна која изобилува со омега-3 масни киселини, протеини, магнезиум и витамини Ц и К, кои значително придонесуваат за здравјето на зглобната рскавица.
Храна која ги регулира зглобовите:
Мешунки
За време на воспалителниот процес, во зглобовоте со тек на време може да дојде до уништување на колагенот и рскавицата. За да го спречите тоа, колку можете почесто консумирајте – мешунки! Ова е храна која има силни антивоспалителни својства. Мешунките, како што се гравот, леќата и леблебијата, содржат протеини, односно белковини, коисе составен дел на колагенот. Благодарение на тоа, овие намирници можат да помогнат во обновувањето на колагенот, а со самото тоа и на рскавицата на зглобот.
Тие ја содржат и важната аминокиселина лизин, која исто така придонесува за регенерација на зглобовите.
Кафеав ориз
Кафеавиот ориз е богат со магнезиум, минерал кој го поттикнува производството на хијалуронската киселина. Денес, се повеќе се зборува за хијалуронската киселина. Таа, исто како колагенот, природно се наоѓа во човековиот организам. Честопати е состојка на козметичките производи за младешки изглед, како и во инјекциите кои има се даваат на оние кои имаат проблем со зглобовите.
Хијалуронската киселина е природен навлажнувач кој ги ,,подмчкува,, зглобовите при движење и со тоа го амортизира движењето. Затоа е особено многу важна за здравјето на зглобовите. Бидејќи со тек на време таа се губи од организмот, зглобовите се се повеќе склони кон оштетувања и пропаѓање.
Прокељ
Овој зеленчук, кој наликува на мини верзија на зелката, изобилува со витаминот К, кој е од есенцијална важност за здравјето на коските и зглобовите.