Храна со негативни калории
Не постојат намирници со ,,негативен калориски биланс,, но постојат намирници кои се употребуваат секојдневно и кои во процесот на варењето имаат ефект на негативен биланс во телото.
Што е, всушност, тоа негативен калориски биланс? Одговорот на ова прашање е многу едноставен: кога намирницата бара телото да потроши повеќе калории во процесот на варење отколку што тоа со варењето добива од нив. Значи, телото е присилено да ги троши резервите од некои други резери за да има енергија за нормално функционирање. Сепак, листата на намирници со неагтивни калории треба да се зема со доза на резерва, бидејќи научниците се уште спорат околу оваа тема, односно не постои јасен научен доказ дека теоријата за негативните калории е рочна или се работи за изобилство диетални влакна кои не прават сити. Ова се намирниците со негативни калории.
Имено, тука спаѓаат оние намирници кои имаат низок гликемиски индекс, а висока содржина влакна, кои даваат чувство на ситост, така што желбата за јадење значително е намалена. Од ова произлегува заклучокот дека се јаде поретко и, а поздраво, а истовремено се губат килограмите. Зеленчукот, овошјето и лековитите растенија кои се наоѓаат на списокот со негативен калориски биланс се исклучително богати со витамини и минерали. Овие намирници го подобруваат метаболизмот и производството на ензими и со тоа ја активираат способноста на телото да го троши салото.
На овој списаок се наоѓаат следниве намирнци:
Зеленчук – аспарагус, бранија, репка, прокељ, зелка, карфиол, целер, ротквици, краставици, ендивија, грашок, кинеска зелка, праз, марула, цикорија, спанаќ и домати.
Овошје – јаболки, капини, брусница, грејпфрут, лимони, лимета и малини.
Зачини и лековити растенија – цимет, каранфилче, анасон, чили пиперка, лук, ѓумбир, магдонос, коријандер, каен пипер, ким, миродија, семе од коморач, ленено семе и поточарка.
Иако се истакнуваат како чудотворни намирници поради кои лесно се слабее, вистината е дека тие се многу здрави за целото тело и донесуваат многу бенефити, но за една диета со негативни калории да делува навистина, мора да се јаде многу од овие намирници секој ден и на тој начин да се поништат внесените калории.
За да дојде до значително губење на телесната тежина, неопходно е дневно да се јаде од еден до два килограми од наведената храна. Треба да се јаде без преработки. Блендирањето е дозволено само ако храната се изеде веднаш. Оваа храна не треба да се јаде со храна која содржи ,,празни калории,, бидејќи така се губи ефектот на негативниот калориски биланс. Намирниците со негативни калории се секако добар избор при долгорочни диетални цели.
Овие намирници, покрај другото, придонесуваат за:
- Подобрување на метаболизмот и ја потенцираат употребата на складираните масти;
- Го зголемуваат нивото на енергија кај поединецот;
- Го стабилизираат нивото на шеќер во крвта, а со самото тоа и расположението;
- Го подобруваат варењето и чистењето на дебелото црево;
- Го чистат црниот дроб, па со самото тоа варењето на мастите е поефикасно;
- Спречуваат воспаленија и го подобруваат крвотокот;
- Го намалуваат нивото на холестеролот во крвта;
- Ги подобруваат умствените способности и концентрацијата;
- Ги ублажуваат стресот, анкциозноста и депресијата;
- Придонесуваат за добар сон;
- Ја подмладуваат кожата, и даваат сила на косата и ги јакнат ноктите;