Доколку сакате да ослабнете, не би требало да гладувате. Напротив, јадете ја оваа храна со негативни калории, што значи дека можете да сакате од неа колку што ви душа сака, а притоа ќе слабеете.

Досега сигурно верувавте дека можете да ги загубите вишокот килограми само ако одбегнувате одредена храна, но всушност постои и храна од која ќе ослабнете поради содржината на негативни калории во неа.

Која храна има негативни калории?

Во оваа група на намирници спаѓаат оние кои имаат низок гликемиски индекс, а голем процент на влакна . Тоа значи дека тука можеме да ги ставиме овошјето и зеленчукот кои ни го забрзуваат метаболизмот и кои произведуваат ензими со цел трошење на насобраните резерви.

Се препорачуваат следниве зеленчуци: боранија, цвекло, кељ, зелка, моркови, карфиол, целер, ротквици, грашок, праз, зелена салата, спанаќ и домати.

Се препорачуваат следниве овошја: јаболки, боровинки, брусница, грејпфрут, лимони, лимети и малини.

Се препорачуваат следниве зачини: цимет, каранфилче, чилич коријандер, ленено семе, лук, кромид и магдонос.

Сите наведени намирници имаат позитивен ефект врз организмот, а некои од погодностите од нивното консумирање се:
Подобрување на метаболизмот
Зголемување на нивото на енергија
Стабилизирање на нивото на шеќер во крвта
Подобрување на варењето и прочистување на цревата
Прочистување на црниот дроб и поефикасно трошење на мастите
Спречување на воспаленија во организмот
Намалување на нивото на холестерол во крвта
Подобрување на концентрацијата
Елиминирање на стресот, нервозата и депресијата
Подобрување на сонот
Подмладување на кожата, косата и ноктите

Она што е важно доколку сакате да ослабнете е да внесувате барем по килограм од горенаведените намирници секој ден. Најдобро е да ги консумирате свежи и необработени.

negativni-kalorii1q1

Домати

Еден домат содржи околу 22 калории, а телото за негова обработка троши 66 калории. Содржи повеќе од 90% вода, како и мали количини јагленохидрати, белковини и масти, а е богат со витамините Ц, Б, Е и К и ликопен.

Целер

Еден целер има само шест калории, а телото за негово разградување троши 50 калории. Тој е богат со влакна и е одличен извор на витамин К, антиоксиданс кумарин и витамин Б комплекс.

Моркови

Околу 100 гр. моркови содржат 4 калории. Телото троши 60 калории за да ги разгради. Одличен извор е на витамин А, диетални влакна, витамин Ц и калиум.

Грејпфрут

Само 32 калории имаат 100 гр. грејпфрут, а на телото му се потребни двојно повеќе за да ги свари. Ова здраво овошје е познат сојузник во слабеењето, бидејќи ги напаѓа масните клетки, а е богат со витамини Ц, Б6, тиамин, рибофлавин и влакна.

Ротквици

Една голема ротквица содржи само една калории, а на телото му се потребни барем три калории за да ја разгрдаи. Одличен извор е на витамин Ц, а благодарение на своите својства го поттикнува согорувањето на масни наслаги во телото.

Зелка

Во 100 гр. зелка има само 20 калории, а на телото тројно повеќе му се потребни за да ги разгради. Одличен извор е на витмаин Ц, бета каротен и витаминот А, но содржи и минерали.

Зелена салата

Една чинија зелена салата содржи околу осум калории, а со оглед што во најголем дел се состои од вода, на телото ќе му биде потребно тројно повеќе енергија за да ја разгради. Зелената салата е богата со железо, магнезиум и витамини, па е задолжителна во секоја здрава исхрана.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина