Масните наслаги на стомакот се најдобар показател за тоа дека вашето здравје е во опасност. Ако сте жена, обемот на половината не би требало да биде поголем од 90 сентиметри, а ако сте маж 101,5 сентиметри. Ако ги преминете овие вредности, ова се намирниците што треба веднаш да ги исфрлите од менито.

1.Рафинирани житарки

 

Чести примери за рафинирани житарки се белиот ориз, белиот леб и белите тестенини. За разлика од житарките од цели зрна, рафинираните житарки се модифицирани од својот природен облик и драматично ги зголемуваат шансите за зголемување на телесната тежина.

2. Полномасно млеко или млеко со 2% масти

 

Повеќемината знаат дека полномасното млеко е лошо за линијата, но и она млеко со намалени маснотии е калорично и полно со маснотии, па ќе влијае на изгледот на стомакот доколку се консумира редовно.

3. Газирани пијалоци

 

Без оглед на тоа дали се работи за класичните или диететските верзии, доколку ги пиете, масните наслаги на стомакот се неизбежен резултат.

4. Мафини

 

Треба да знаете дека еден мафин содржи околу 500 калории, како и повеќе од половина од препорачаната дневна количина на шеќер која треба да се внесува во организмот.
stomak_2

5. Сирење

 

Сирењето е добар извор на калциум, но тоа е, исто така, и извор на големи количини на заситени маснотии. Дури и помали количини на сирење може да содржат половина од препорачаната дневна доза на масти која треба да се внесува во организмот.

6. Сите намирници кои содржат транс масти

 

Дури и мали количини на транс масти може да влијаат на вашето здравје, но исто така и на зголемувањето на масните наслаги околу стомакот. Храната која најчесто содржи транс масти се пекарските производи , пуканките од микробрановата печка и пржената храна.

8. Преработките од месо

 

Саламите, виршлите и колбасите може да бидат примамливи и вкусни, но нив најдобро е да ги избегнувате ако сакате рамен стомак.
Преработките од месо се богати со калории и заситени масти, па се една од најчестите причини за зголемување на телесната тежина .

9. Чипсови

 

Чипсот доаѓа во десетици различни вкусови и е една од најпопуларните грицки. Меѓутоа, вашиот стомак нема да ви биде благодарен доколку го јадете. Тој е многу калоричен и полн со соли и извори на транс масти.

10. Било која храна со рафиниран шеќер

 

Храната богата со рафиниран шеќер има мала хранлива вредност и е полна со празни калории кои ги зголемуваат нивоата на гликоза во крвта.Рафинираните шеќери се едни од најпознатите извори на едноставни јагленохидрати, кои го стимулираат телото да ги акумулира мастите во пределот на абдоменот.

11. Алкохол

 

Сите видови на алкохол ќе остават последици на изгледот на вашиот стомак. Алкохолот ќе го забави согорувањето на масти и шеќери, оневозможувајќи ја оксидацијата на липидите. Исто така, алкохолот содржи празни калории.

12. Сол

 

Конечно , иако самата сол нема да влијае на тоа да се дебелеете во пределот на стомакот, консумирањето на преголеми количини на храна и пијалоци кои содржат голема количина на натриум може да создаде впечаток дека имате дебел стомак .

Проблемот е во тоа што солта ја задржува водата во телото, а тоа ќе биде видливо во абдоминалниот дел на телото , така што ќе бидете потечени .

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.