ЛОСОС

Активна состојка: омега 3 масни киселини

Според конвенционалната нутриционистичка мудрост треба да јадете месо до лосос, затоа што тоа е богат извор на здрави омега 3 масни киселини. Овие киселини се толку многу моќни, што всушност можат да ги поттикнат гените кои го зголемуваат согорувањето на мастите и да ги смират гените кои го регулираат складирањето на мастите. Покрај тоа, вашиот кардиоваскуларен систем останува здрав.

ЈАЈЦА

Активни состојки:протеини, здрави масти

Кога научниците од Универзитетот Сент Луис од Мисури, САД, им давале на испитаниците појадок кој се состоел од две јајца, утврдиле дека тие се чувствувале посити во текот на денот и јаделе помалку за време на ручекот од оние кои не појадувале јајца. Посебно треба да гледате да не ја одбегнувате жолчката од јајцето – таа е полна со здрави масти и витамини А, Д и Е.

 

ЃУМБИР

Активна состојка:џинџерол

Ѓумбирот, кој е многу популарен во источната кујна, го поттикнува метаболизмот преку два механизми. Пред се, им помага на мускулите да користат повеќе кислород, со што се согоруваат повеќе калории. Освен тоа, исто така го подзасилува создавањето на млечните киселини, кои пак го зголемуваат создавањето на хормонот за раст, што потоа ја зголемува количината на масти кои од масните наслаги се согоруваат како гориво.

 

АВОКАДО

Активни состојки: мононезаситени масти, манохептулоза

Ова необично овошје содржи низа состојки кои го поттикнуваат губењето на мастите. Пред се, богато е со здрави мононезаситени масти кои многу ретко создаваат масни наслаги и за кои се покажало дека допринесуваат за намалување на телесната тежина кога се внесуваат наместо јагленохидрати. Покрај тоа, авокадото содржи и шеќер т.н. манохептулоза, која се доведува во врска со намалено лачење на инсулинот, а со оглед на тоа дека зголеменото лачење на инсулин е директно поврзано со таложење на мастите, одржувањето на нормалното ниво на инсулинот придонесува и за одржување на нормалното ниво на телесните масти.

 

 

ГРЕЈПФРУТ

Активна состојка: нарингин

Консумирањето на умерени количини од ова овошје навистина ќе ви помогне да станете витки. Се покажало дека за тоа е одговорна состојката која ја содржи – нарингин, антиоксиданс кој е моќен согорувач на масти. Затоа грејпфрутот претставува одлична ужина или додаток на оброците.

 

 

КАЛИНКА
Активни состојки: антиоксиданси, конјугирана линолна киселина (CLA)

Научниците се уште работат активно на разоткривање на сите благотворни дејства на ова древно овошје, а досега знаеме дека е за 300 пати подобро во зачувувањето на азотниот оксид (NO) од кое било друго овошје. Со оглед на тоа што азотниот оксид се доведува во врска со согорувањето на мастите, важно е истиот да се зачува. Актуелните истражувања покажуваат на позитивните ефекти при консумирање на семето од калинката со име ерилс.

 

МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ

Активни состојки: калциум, протеини

Многубројни истражувања покажуваат дека млечните производи можат да допринесат за губење на тежината. Една студија докажала дека диетите богати со калциум го забавуваат создавањето на мастите и ги зголемува термогенезата (согорувањето на мастите) и метаболизмот. Оние кои пијат две чаши млеко за појадок, подолго време остануваа сити и јадат помалку за време на ручекот од оние кои пијат сок за појадок. Ова се должи на содржината на протеини во млекото.

 

ЛУТИ ПИПЕРКИ

Активна состојка: капсицин

Оваа состојка ги прави пиперките лути, додека во организмот токму таа го поттикнува вашиот метаболизам влијаејќи на порастот на хормонот адреналин. Бројни студии утврдиле дека капсицинот дури може да го намали гладот и да го зголеми чувството на ситост, со што ви помага помалку да јадете. Исто така, се покажало и дека ги уништува масните клетки, директно намалувајќи ги со тоа масните наслаги.

 

ЗЕЛЕН ЧАЈ

Активни состојки: епигалокатехин (EGCG), кофеин

Иако кофеинот е добро познат согорувач на масти, тој не е најмоќната состојка на зелениот чај. Наместо тоа, епигалокатехинот, фитохемикалија која е исто така одговорна за многубројните благотворни дејства на зелениот чај, го засилува метаболизмот и согорувањето на мастите.

СПАНАЌ

Активни состојки: глутатион, алфа липоидна киселина, влакна

Шоља спанаќ содржи само 41 калорија и две моќни состојки за детоксикација – глутаин и алфа липоидна киселина – заедно со растворливи влакна кои се врзуваат за лошиот ЛДЛ холестерол во дигестивниот тракт и го исфрлаат од организмот.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина