Во последно време, се повеќе има луѓе кои патат од некаков облик на нарушување на работата на штитната жлезда. Заболувањето на штитната жлезда е еден од најчестите здравствени проблеми кои докторите можат да го констатираат во современо време. Жените се во поголем ризик од мажите, посебно по породувањето или за време на менопаузата. Да се има проблем со штитната жлезда значи дека е многу тешко да се слабее, но овој проблем може животно да влијае и на други начини – поголем замор и опстипација.
Исто така, може да се чувствува депресија, проблем околу задржувањето течности или појава на сува кожа. Ако некои од овие симптоми ве имаат веќе загрижено, треба да знаете дека и одредена храна може негативно да влијае на здравјето на штитната жлезда. За здрава функција на оваа важна жлезда, а со самото тоа и за ефикасен метаболизам, потребно е во исхраната да се одбегнуваат следниве намирници:

 

Глутен

Глутенот е силен двигател на автоимуните болести кај генетски предизпоционираните чуѓе. Тој доведува до големи воспаленија во телото, а кај некои луѓе може да предизвика нивниот имунолошки систем да произведува антитела кои ги напаѓаат сопствените органи или ткива. Отстранувањето на глутенот од исхраната би требало да помогне да се подобри здравјето на штитната жлезда, а исто така може да го намали и ризикот од настанок на некоја друга автоимуна болест. Глутенот го има во пченицата, ржот, јачменот, спелтот и во многу други преработени намирници.
 

Млечни производи

Млечните производи исто така можат да создадат многу воспаленија во телото. Многумина сметаат дека тие многу тешко се варат и дека се честа причина за синдромот на иритирано црево, надуеност и за желудочен рефлекс. Ако млечните производи го попречуваат варењето, тоа значи дека нема да дојде до апсорпција на хранливите материи од оброкот на соодветен начин. Овие намирници исто така можат да ја поттикнат работата на штетните микроби во дигестивниот тракт. Протеинот во млечните производи се нарекува казеин и кај многу луѓе тој веќе ги влошува веќе постоечките автоимуни болести подеднакво како глутенот. Во овие намирници спаѓаат кравјото млеко и разни намирници направени од него, како што се сирењето, сладоледот или јогуртот.

 

Шеќер

Веќе е познато дека шеќерот лошо влијае на здравјето, а воедно лошо делува и на штитната жлезда. Тоа се случува поради деструктивните ефекти кои тој ги има врз имунолошкиот систем. Тој ги засилува воспаленијата во човековото тело и ги влошува автоимуните болести. Шеќерот го поттикнува и растот на сите видови шттени патогени во стомакот и поттикнува цревна инфекција.

 

Голема количина зеленчук од видот зелки

Во ова семејство на зеленчук спаѓаат зелката, брокулата, прокељот и други слични видови. Овој зеленчук е здрав за исхрана, но не треба да се претерува со неговото консумирање во сиров облик. Тие во себе содржат супстанции познати како гоитрогени. Тоа се соединенија кои можат да ја инхибираат апсорпцијата на јодот од страна на штитната жлезда. Јодот е клучна компонента во производството на тироидните хормони и ако нема доволно јод во исхраната, едноставно нема да можат да се произвдуваат доволно хормони на штитната жлезда.

 

Индустриски масла од семиња

Ова се однесува на растителните масла, како што е пченкарното, сончогледовото, соиното, маслото од репка, маслото од семки на грозје или она од оризови трици. Овие масла содржат во себе големи количини незаситени масти. На човековото тело му се потребни овие масти, но проблемот со овие масла е што некои други чувствителни масла можат да бидат оштетени.

Здравите масти кои мора да се вклучаат во исхраната се наоѓаат во маслиновото масло, маслото од макадамија, маслото од авокадо, ореовото масло, како и во различни видови масни риби.

 

Соја

Иако постоеше уверување дека сојата е здрава во исхраната, денес постојат се повеќе причини за тоа таа да се одбегнува. Тоа е затоа што големи залихи соја во светот доаѓаат од генетски модифицирани семиња. Покрај тоа, сојата е тешка за варење, но иако содржи значителна количина протеини, човековото тело апсорбира многу мала количина од овој протеин поради ензимските инхибитори кои ги има во сојата.

 

Лектините во ова растение предизвикуваат иритација на слузокожата на гастроинтестиналниот тракт и ја влошуваат состојбата на оние кои имаат некаква автоимуна болест. Сојата е исто така извор на гоитрогени, кои ја инхибираат апсорпцијата на јодот.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина