Дијабетис тип 2 станува глобален проблем. Статистичките истражувања покажуваат дека бројот на луѓето кои страдаат од дијабетес тип 2, секоја година се зголемува се повеќе и повеќе.

Луѓето кои страдаат од дијабетес тип 2, се изложени на зголемен ризик од развој на голем број на болести, особено болести на кардиоваскуларниот систем. Голем број на луѓе секојдневно  внесуваат  прекумерно едноставни шеќери,  така што телото по некое време  не може нормално да произведува инсулин. Истражувањата покажале дека дијабетичарите треба да го зголемат  внесот на одредени видови на храна со цел да се намали ризикот од срцеви заболувања, оштетување на нервите, слабиот вид  и оштетувањата на бубрезите.

Боровинки

Неколку студии покажале дека боровинките може да ја забрзаат  чувствителноста на   вашето тело на инсулин. Боровинките треба да ги консумираат сите лица, без оглед на тоа дали тоа страдаат од дијабетес или не. Една студија покажала  дека дневна доза на боровинки, може да го намали ризикот  од дијабетес тип 2 и до  33%.

Зелен чај

Зелениот чај помага во  регулирање на нивото на шеќерот во крвта. Луѓето кои пијат околу 3 чаши шеќер дневно, ретко доживуваат ненадејни промени во шеќерот во крвта и имаат помал ризик од развивање на дијабетес тип 2 дијабетес.

Чоколадо

Темно чоколадо го  стимулира вашето  тело на чувствителноста на инсулин. Сепак, темното  чоколадо треба да се конзумира во умерени количини. Повеќето експерти се согласуваат дека  е доволно да се консумираат 2-3 коцки темно чоколадо на ден.

 

Јаболков оцет

Истражувањата покажале  дека луѓето кои внесуваат пред секој оброк по 2 лажици јаболков  оцет, не  доживуваат брзи промени во нивото на шеќер во крвта. Според јапонските  научници, одговорна за  позитивниот ефект на јаболковиот оцет е  активната  состојка- оцетната киселина.

Ја почитува здравата исхрана,посебно овошјето и зеленчукот,љубител на животни,верува во љубов,омилено место за живеење Париз