Хормонскиот дисбаланс е последица од загадениот воздух, недоволната физичка активност, несоодветната исхрана и мноштвото стресни ситуации. Кога хормоните се вон рамнотежа, тоа веднаш се забележува на нашата кожа, коса и нокти. Вишокот машки хормони предизвикува мастење на кожата и зголемена влакнетост, а доведува и до создавање акни. Недостигот на женски хормони (естроген и прогестерон) ќе резултира со сува кожа, недостиг на колаген и еластин.

Ако хормоните се во рамнотежа, и ние ќе изгледаме убаво. Хормонскиот дисбаланс може и тоа како да се ублажи ако исфрлиме некои штетни навики. Пушењето го намалува лачењето на естроген од јајчниците и ги уништува залихите на естроген во црниот дроб. Ваквата состојба веднаш ќе се одрази на кожата односно ќе поднесува убавината. Недоволното спиење ќе предизвика огромен стрес врз организмот, што доведува до ослободување на хормоните на стрес адреналинот и тестостеронот, што ќе придонесе за засилување на лачењето на лојните жлезди. Во тој случај, кожата ќе биде помасна и ќе се појават и поткожни мозолки. Ако јадете брза храна и слатки, обидете се да ги намалите количините на оваа штетна храна. Многу истражувања покажале дека млекото и млечните содржат хормони кои можат да го нарушат природниот баланс на нашиот организам. Обидете се барем на одредено време да ги исфрлите млекото и млечните производи од својата исхрана или да ја намалите нивната количина. Истражувањата покажале дека кравјото млеко содржи 59 активни хормони, мноштво алергени, масти и холестерол.

Витамините од свежото овошје и зеленчук ќе делува одлично на кожата. Многумина знаат дека тестото не е баш здраво, бидејќи го зголемува нивото на шеќер во крвта, поради што се излачуваат поголеми количини на инсулин. Поголемите количини на инсулин, пак, го поттикнуваат излачувањето на машките хормони, што доведува до проширени пори и проблеми со тенот.

Хормоните на стрес доведуваат до создавање на акни на брадата и на образите, но можат да бидат виновници и за создавањето темни дамки над горната усна. На сие начини се борите против стресот, но ако имате проблеми со хиперпигментацијата поради дисбаланс на хормоните, треба редовно да правите пилинг, да користите хидратантни креми богати со антиоксиданси и препарати за чистење на кожата без алкохол.

Не штедете на креми

Како што одминуваат годините, кожата ја губи влагата, а од педесеттата година од животот настанува период на стареење поради недостиг на естроген и прогестерон. Опаѓа и количината на колаген во кожата и колагенските влакна стануваат се понеподвижни. Кожата станува потенка и се поавуваат брчки. Станува чувствителна и сува, чеша и склона е на егземи. Сето ова може да се спречи со соодветни препарати за нега на лицето. Не штедете на креми.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина