Во денешно време чистењето, тонирањето и хидрирањето на кожата е вообичаен ритуал за таа да се оддржи сјајна и да се спречи појавата на брчки. Од овие три чекори, хидрирањето претставува најважен дел од третманот. Сепак, докторите предупредуваат дека хидратантните креми можат да ја направат кожата ,,мрзелива,, и помалку способна да се хидрира природно како што би требало. Меѓутоа, оваа навика може да доведе до сува кожа и да направи да изгледаме постаро.

Хидратантните креми можат да доведат до акумулација на мртвите површински клетки на кожата, сувост, акни и пречувствителност – вели дерматологот Рејчел Екел.

Хидратантните креми содржат минерали и растителни масла кои ја спречуваат водата да испарува од кожата. Евентуално кај 15% од луѓето има полезност да се користат овие креми (најдобро природни). Тие имаат генетски сува кожа каде пропратни проблеми се егземите и тие проблеми најлесно се решаваат со овие третмани. Сите други со нормална кожа немаат потреба за користење козметика, посебно не на вештачка.

Кога кожата ги губи своите природни функции и почнува да зависи од козметички препарати, тоа доведува до побрзо стареење и чувствителност на кожата. Не треба да се заборави дека за хидрирана кожа од голема важност е секојдневно да се хидрира целото тело со задоволувачка количина на течност. Нутритиентите од растителната храна исто така се од големо значење за убава и здрава кожа. Најдобри се свежо цедени сокови, природни и растителни ,,шејкови,,, и свежи плодови од природата, отколку вештачки креми, со коишто ништо суштински не се постигнува.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина