Научниците тврдат дека тие го менуваат обликот на сперматозоидите и нивната големина, правејќи ги абнормални, што се поврзува со неплодноста. Тие ја менуваат ДНК во спермата и ја ограничуваат нивната брзина, што се заедно води кон потешкотии при зачнувањето

 

Парабените во сапуните, кремите за сончање, козметиката, лековите и детергентите го намалуваат квалитетот на сперматозоидите. Освен тоа, научниците тврдат дека тие го менуваат обликот на сперматозоидите и нивната големина, правејќи ги абнормални, што се поврзува со неплодноста. Тие ја менуваат ДНК во спермата и ја ограничуваат нивната брзина, што се заедно води кон потешкотии при зачнувањето. Сперматозоидите стануваат послабо подвижни, па така помали се шансите по ејакулацијата да дојдат до јајце – клетките и да ги оплодат. А, парабени има насекаде околу нас.

– Многу е тешко да се одбегнат парабените, бидејќи се нашироко распространети, но затоа можеме да се обидеме да го намалиме нвното влијание врз нашето тело со коистење производи на коишто пишува дека ги содржат – вели авторката Џоана Јуревич од институтот Нофер во Лоѓ.

За потребите на истражувањата, била спроведена анализа на урината на 315 мажи кои веќе посетувале клиника за плодност. Потоа била испитувана количина на парабените во тие примероци. Резултатите покажале дека присутноста на овие хемикалии е значително поврзана со неплодноста.

Еден вид парабени, бутилпарабени, се имаат покажано како посебно штетни за спермата, бидејќи делуваат премногу негативно на нејзиниот квалитет.

Што се тоа парабени?

Парабените се широко распространети конзерванси кои се користат во козметичката и фармацевтската индустрија. Ги има и во некои лекови, пестициди, пластика, детергенти, храна, играчки…

Најчесто се среќаваат метилпарабенот, пропилпарабенот и бутилпарабенот. Произведувачите понекогаш ги комбинираат овие парабени заедно, се со цел да го зајакнат нивното дејство.

Некои парабени се забранети во ЕУ, но се дозволени во други делови од светот. Така, Американската агенција за храна и лекови (ФДА) ја дозволува нивната употреба.

Какво е влијанието на парабените?

Освен негативно делување врз плодноста, парабените можат да имаат и развојни, невролошкии имунолошки нус-појави, предупредуваат стручњаците од Националниот здравствен институт на САД.

 

  • Потенцијални предизвикувачи се на рак на дојка кај жените, утврдила една студија на Универзитетот Рединг. Тие можат да го имитираат естрогенот, а постои голема поврзаност помеѓу естерогенот и ракот на дојката, објаснуваат стручњаците. Парабените лесно се впиваат под пазувите во ткивото на дојката на жената, а повеќе од половина од случаите на рак на дојка настанува речиси на истото место на дојката.

Најновите студии покажуваат дека парабените можат да се најдат во примероци од ткивото на дојката на жени кои со години не користат дезодоранси, а еден вид парабен, пропил парабен, се наоѓа во задпазувниот дел на дојката во поголема количина од другите – вели Фелипа Дарбре, специјалист за рак на дојка.

Таа додава дека од дојката парабените можат да се шират во останатите делови од телото. Сепак, Дарбре верува дека и ако се остранат парабените од дезодорансите, жените и понатаму ќе добиваат рак на дојката.

 

  • Научно е докажано дека парабените можат да предизвикаат нарушување на работата на штитната жлезда и да придонесат за настанок на канцери поврзани со хормоните.

 

  • Посебно треба да се обрати внимание на парабените како што се метил парабенот и изобутил парабенот, кои во телото го имитираат женскиот хормон естроген, а кои директно се апсорбираат во крвотокот.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина