Бaктеријата Helycobacter pylori живее во желудникот кај половина човештво. Ова сознание е релативно ново и веднаш беше исмејано. Зошто оваа бактерија би живеела во ,,пештера,, полна со киселини и растворувачки ензими? Прво, еден од производите на метаболизмот на оваа бактерија е толку многу базен, што киселината во непосредна близина може да се неутрализира. Второ, едноставно се завлекува под слузокожата, каде желудочниот ѕид самиот се чува од своите киселини. Оваа слузокожа, која обично има структура на гел, хеликобактеријата може да ја направи течна и така лесно да се движи низ неа. Научниците до пред извесно време сметаа дека хеликобактеријата доведува до воспаление на нервите и појава на чиреви и општо прифатено беше научното мислење дека проблемите со желудникот имаат психосоматска причина (на пример, стресот) или настануваа како последица на неисправна секреција на желудочна киселина.

Хеликобактеријата е лоша

Нема секој проблем со желудникот кој ја има оваа бактерија во себе. Но, најголем дел од проблемите со желудникот се поврзуваат со неа. Со самото нејзино вгнездување во нашата слузокожа, каде се движи хаотично, таа ја ослабнува нејзината заштитна бариера. Отприлика секој петти човек кој ја има оваа бактерија добива мали повреди на ѕидот на желудникот. Три четвртини од сите чиреви во желудникот и сите чиреви во тенкото црево настануваат по инфицирање со хеликобактерија пилори. Ако може да се отстрани со антибиотици, исчезнуваат и желудочните тегоби. Како алтернатива на антибиотиците се користи концентрираниот екстракт од брокула – сулфорафан. Оваа супстанција може да го блокира ензимот со хеликобатеријата и да ја неутразилира киселината.

Хеликобактеријата е добра

по повеќе од дванаесетгодишно набљудување на повеќе од 10.000 тестирани испитаници, може да се каже дека кај оние кои го имаат овој вид на бактерија постои поголема можност да добијат рак на желудникот, но затоа пак е многу мала опасноста да добијат рак на белите дробови или мозочен удар. Експериментот вршен врз глувци покажува дека хеликобактеријата кај младите глувци ги штити истите од добивање астма. Ако им се дадат антибиотици, исчезнува заштитата и можно е да развие повторно астма кај нив. Ако бактеријата се вбризга кај возрасните глувци, заштитата останува, иако е нешто помала. Може да се каже дека глувците не се луѓе сепак, ваквото набљудување во целост одговара со генералните трендови кои можат да се видат во индустриски развиените земји – во замав се болестите како што се астмата, алергиите, дијабетесот и невродермитисот, додека застапеноста на хеликобактеријата опаѓа.

Хеликобактеријата е и добра и лоша

Хеликобактеријата пилори се бактерии кои имаат многу способности. Едноставно не можат да се поделат на добри и лоши. Тоа зависи од тоа што прават во нас. Дали произведува опасни отрови, или не штити во интеракцијата со нашето тело? Дали клетките ни се постојано надразнети, или произведуваме доволно желудочна слуз и тоа е доволно и за нас и за бактеријата? Каква улога играат надразнувачите на желудочната киселина, како што се средствата против болки, пушењето, кафето, алкохолот или постојаниот стрес? Дали на крајот комбинацијата од сето ова доведува до желудочни тегоби?
Светската здравствена организација препорачува во случаи на желудочни тегоби да с остранат потенцијалните причинители. Секој оној кој во семејната историја има случаи на рак на желудникот, лимфома или Паркинсонова болест, секако мора да ја отстрани хеликобактеријата.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина