apple11

Седум години по првото официјално лансирање на iPhone, а четири години по лансирањето на iPad, Apple го објави својот следен пазар за реинвенција : мобилната индустрија за следењена здравјето и фитнесот.Интересот на Apple за следење на податоците во здравјето и фитнесот ќе бидат сумирани во IOS апликација со кодно име Healthbook. Подолу погледнете неколку детали и слики за Healthbook, за да добиете еден појасен поглед врз плановите на Apple за драматично трансформирање на мобилниот простор за следење на здравствените и фитнес перформансите …

За Healthbook :

Како што е наведено во сликите на оваа статија, кои се реални прикази на екранот, корисничкиот интерфејс на Healthbook е во голема мера инспириран од постоечката апликација Passbook на iPhone. Верзиите на Healthbook сеуште се тестираат, а се знае дека ќе биде способен за следење на значајни податоци за здравјето и фитнесот.

healthbook-book1

Секоја функционална категорија претставува една картичка во Healthbook. Картичките се разликуваат по боја, а табовите може да се реорганизираат со цел да одговараат на преференциите на клиентот. Со Healthbook може да се следат податоците кои се однесуваат на протокот на крвта, отчукувањата на срцето , хидратацијата , крвниот притисок , физичката активност , исхраната , шеќерот во крвта, спиењето, респираторната стапка, сатурацијата (заситеноста) со кислород и телесната тежина.

healthbook-cards1

Фитнес функционалност

Три од табовите на Healthbook се посветени на следење на фитнес напредокот : Активност, Телесна тежина и Исхрана. Активноста е слична на многу други софтвери на App Store и други платформи за следење на фитнес напредокот. Таа мери колку чекори се направени, колку калории се согорени и колку километри се поминати.

Исто како што е прикажано погоре, во делот Тежина им се овозможува на корисниците да ги внесат информациите за својатта висина и тежина, за да следат различни статистички податоци како што е BMI ( индексот на телесна маса ) и процентот на телесни масти. Табовите и за Активноста и за Тежината им овозможуваат на корисниците да го следат својот фитнес напредок во текот на денот, неделата, месецот и годината. Секој преглед вклучува графички податоци за да се визуелизира напредокот со текот на времето .

Табот Исхрана во Healthbook им овозможува на корисниците да внесуваат податоци за нивнното дневно внесување на храна и држење на диета. Оваа функционалност е слична на оние апликации што се нудат во моментов од компании како што е Jawbone. Комбинацијата на алатки за следење на активноста, телесната тежина и управувањето со исхраната е секако, моќна комбинација и за фитнес ентузијастите и за оние кои се обидуваат да внимаваат што јадат.

Мониторинг на срцевите отчукувања и крвниот притисок

heartblood1

Отчукувањата на срцето и крвниот притисок се два најпознати мерења поврзани со здравјето на срцето . Крвниот притисок најчесто се проверува на лекар или дома, додека срцевите отчукувања може да се мерат со апликациите на iPhone, smartphone камерите и фитнес опремата. Healthbook ќе биде во можност да ги зачува и следи отчукувањата на срцето / податоците за пулсот во BPM во минута ), како и податоците за крвниот притисок. Податоците за крвен притисок ќе бидат зачувани во целост – во дијастолни и систолни форми.

Мерење на крвотокот, кислород во крвта и шеќер во крвта:

bloodworkbloodsugaroxygensat1

Можностите за следење на крвните способности на Healthbook се можеби најуникатните и најважни елементи на апликацијата. Функционалноста за крвна анализа може да се најде во табовите – работа на крвта, сатурација со кислород и мерење на шеќер во крвта.

Можностите на елементот крвна анализа во моментов се нејасни, но табот може претставува неколку различни податоци поврзани со работата на крвта , кои нормално досега беа обезбедеувани од страна на лекарите и лабораториите за крв. Болниците често вршат систематски прегледи на крвта и се обезбедуваат податоци кои се однесуваат на функцијата на црниот дроб , бубрезите,тироидната жлезда и срцето . Лабораториските резултати често се доставуваат до пациентите испечатени , преку емаил пораки или факс. Со користење на најновите софтверски и хардверки технологии, можно е Apple да внесе иновации во овој процес.

Healthbook , исто така, може да ја следи сатурацијата со кислород на личноста. Ова се однесува на процентот на кислород кој се наоѓа во крвта на една личност, во сооднос на тоа колку кислород може да се складира во крвотокот на таа личност. Сатурацијата (заситеноста) со кислород е важна за мерење на респираторната стапка на личноста (повеќе за тоа подолу) и квалитетот на дишење. Моментално, на пазарот за следење на здравјето, постојат многу неинвазивни уреди за следење на кислородната сатурација. Apple минатата година го вработи д-р Мајкл О’Рајли, кој специјализираше на пулсна оксиметрија, технологијата што се користи за да се измери заситеноста со кислород.

И за крај, можеби најважно од се е што Healthbook овозможува следењена шеќерот во крвта (нивоата на гликоза). Според статистистичките податоци на Американската асоцијација за дијабетис во 2013 година, околу 26 милиони луѓе во САД имаат дијабетес. Кај речиси 1,9 милиони луѓе во САД се дијагностицира дијабетис секоја година , а 1 од 3 возрасни ќе имаат дијабетес до 2050 година, доколку продолжи сегашниот тренд. За да го следат нивото на шеќер во крвта, дијабетичарите мораат неколку пати дневно да ги мерат нивоата на гликоза. Таа несреќна, но неопходна работа би можела да биде олеснета со вградената апликација на Apple препрограмирана во вашиот iPhone.

Мерење на респираторната и стапката на хидратација :

hydrationrespiratory1

Нивоата на хидратација на телотои респираторната стапка се две други интересни здравствени податоци кои Apple би сакал да ги следи со Healthbook. Следењето на хидратацијата е есенцијална, особено за спортистите, и им овозможува на корисниците точно да знаат колку вода моментално има во нивните тела и дали треба да пијат повеќе течности.

Респираторна стапка е мерење на вдишувањата и издишувањата на една личност во минута . Податоците за респираторната стапка може да се толкуваат преку истите технологии кои се користат за обезбедување на споменатите податоци за следењето на кислородот во крвта, досега не се познати многу уреди кои се специјализирани за следење на респираторните стапки во моментов.

Мерење на спиењето:

jb1

Освен следењето на гореспоменатите информации за напредокот на фитнесот и крвта, Healthbook ќе ја има можноста да ги следи вашите циклуси на спиење. Се уште докрај не се познати деталите за оваа можност. Како и да е, Apple ангажираше еден од најпознатите експерти во светот за следење на спиењето и сонот: Рој Рејман. Пред да се приклучи на Apple, Рејман работел во Филипс и ја основал компаниската лабораторија наречена “Спиењето како искуство ” лабораторија на компанијата. Истражувањата на Рејман за спиењето се фокусирале на навиките за спиење , квалитетот на сонот и будноста. Се верува дека токму тој ќе придонесе во креирањето на табот за спиењето на Healthbook .

Картичка за итни случаи:

Во прилог на следењето на здравјето и фитнесот, Healthbook ќе биде централно лоцирано место во кое ќе се содржат најважните податоци за секој корисник на iPhone . Картичката за ургентни случаи ќе ги складира името на корисникот, датумот на раѓање, информации за примањето на лекови, тежина, боја на очите, крвна група, дали се крводарители и донори на органи и локација. Овие информации се од суштинско значење за екипата на брзата помош и докторите во болница за да го идентификуваат корисникот и да му ја пружат соодветната нега, доколку тој се разболи или не е во состојба да зборува.

Картичката за итни случаи, исто така, ќе им овозможи на корисниците да додадат контакти за итни случаи. Со таа можноост, некој ќе биде во можност да веднаш да биде известен за вонредната состојба. Со цел да биде навистина корисна, се чини дека оваа можост за итни случаи ќе биде достапна и во случај на заклучен екран на iPhone-от .

Џозеф Екман, основачот на непрофитната организација за „Стандард за Итност“, ја создал оваа апликација за App Store за следење на итни информации од неговите лични искуства, инспириран од недостатокот на стандардизиран начин за чување на важните детали кај паметните телефони. Со стотици милиони iPhone телефони кои ќе инсталираат Healthbook , Apple ќе ја исполни визијата г-дин Екман за воведување на стандардна картичка за итни случаи.