Состојки:

 

  • 400 гр. грашок
  • 3 до 4 лажици масло
  • 2 лажички мелено чили
  • крупна сол

 

Подготовка:

 

Исчистете го грашокот, исцедете го и оставете го да отстои во студена вода преку ноќ. Следниот ден варете го во истата вода 15 до 20 минути. Исцедете го и добро исушете го на крпа. Потоа ставете во сад, додадете масло, посипете го чилито и добро измешајте. Префрлете го в оплех за печење којшто претходно сте го обложиле со алуминиумска фолија. Печете во претходно загреана рерна на 200 °C, околу 25 минути. Посолете го и послужете го додека е топол.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина