Сите знаеме колку е важен кардио тренингот: ги топи мастите, позитивно делува врз здравјето на срцето, но сиот тој труд на лентата за трчање може и да ги саботира вашите напори да ги загубите вишокот килограми.

 

Лорен Слејтон, автор на книгата “Мала книга на виткоста”, открива дека и покрај напорите кои луѓето ги вложуваат на тренинзите, многу често прават и една грешка која им го забавува метаболизмот наместо да го забрза.

 

Ако погледнете на вежбањето од научна перспектива, бројот на калории кои ги трошите се зголемува кога метаболизмот ќе премине од ,,одморувачки,, во ,,вежбачки,, начин.

 

Аеробните вежби дури и го забрзуваат метаболизмот, така што тој да остане во тој ,,вежбачки,, начин на работење, кој подразбира поголема потрошувачка на калории часови откако сте завршиле со тренингот.

 

Но, еве каде можеби правите и вие грешка и ги намалувате овие позитивни ефекти на вежбање.

 

Ако постојано правите една иста вежба подолг временски период, позитивните ефекти ќе изостанат – вели Слејтон.

 

 

И покрај тоа што по тие вежби секој пат добро ќе се испотите, вие не продолжувате да градите мускули, така што со тек на време метаболизмот се забавува. Затоа е многу важно да се ,,изненади,, телото со воведување нови вежби и рутини, за метаболизмот да остане забрзан.

 

Таа препорачува во рутината да се вметнат и различни варијации на вежби за сила, кои не само што ќе ви помогнат побрзо да ги трошите калориите, туку и телото ќе ви биде затегнато побрзо и поефикасно околку ако се држите само до кардио вежбите.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина