Долгото искуство во депилирањето не е гаранција дека не правиме почетнички грешки. Ова се само некои од најчестите депил-стапици. Погледнете како да ги одбегнете истите.

 

ГРЕШКА 1: Изоставање на пилингот

Ексфолијацијата е најдобрата превентива за враснати влакна, без разлика на методот на нивното отстранување. Ако веќе се борите со враснати влакна, направете пилинг со некое понежно средство од оваа категорија. За да ја спречите оваа непријатна појава, секодневно користете лосион за тело со алфахидроксилни киселини (АХА).овие препарати го омекнуваат слојот на изумрени клетки, со што се спречува задржувањето на влакната под кожата. Доколку сте склони кон враснати влакна по депилацијата со топол восок, втривајте  лосион на делот за депилација два дена пред и три дена по третманот во салон.

 

ГРЕШКА 2: Правење гримаси при скубење на веѓите

Скубењето на веѓите не е миг за правење гримаси во огледало – било да се работи за обид да видите подобро што правите или за стискање на очите поради болка. Подигањето на веѓите ја нарушува нивната природна линија на раст и го оневозможува симетричното обликување. Најдобро е да го опуштите лицето колку што можете. Ако ви пречи болката предизвикана од скубењето, делот под веѓата истријте го со коцка мраз. Тоа ќе делува како своевиден анестетик.

 

ГРЕШКА 3: Бричење рано наутро

Бричењето на крај од утринското туширање е штедење на време, но не дава рамномерни резултати ниту мазна кожа. За време на ноќниот сон нозете отекуваат, што значи дека одреден дел од влакната се вовлечени во кожата. Најдобро е да се бричите навечер – поради попрецизни резултати.

 

ГРЕШКА 4: Депилација во топла бања

Подолгото престојување во топла вода исто така доведува до мало отекување на нозете, поради што бричењето и капењето не треба истовремено да се прават. Но, ако од одредени причини сакате да го направите тоа, тоа нека биде на самиот почеток – во првите 10 минути во кадата. Колку подолго чекате, толку кожата на нозете ќе делува под прстите како кактус.

 

ГРЕШКА 5: Чести депилации со восок

Потребата да се повтори депилацијата или, уште полошо, да се посегне по брич на првиот знак на влакна е сосема разбирлива. Сепак, обидете се да се воздржите. Помеѓу две депилации со топол восок мора да поминат четири недели, за влакната да постигнат адекватна должина, со цел восокот да може да ги ,,дофати”. Правилото е дека влакната на препоните и нозете треба да бидат долги шест милиметри, а подебелите и поцврстите влакна околу еден сантиметар.

 

ГРЕШКА 6: Неправилна депилација во домашни услови

Оваа постапка во козметички салон секогаш делува многу едноставно  – кожата рамномерно се премачкува со восок и се прекрива со ленти кои енергично се влечат. Ако се обидувате тоа да го направите сами дома, постои една клучна работа која мора да ја имате на ум: секогаш затегнете ја кожата во спротивна насока. Ако не го направите тоа, последиците ќе бидат големи – болни подливи.

 

ГРЕШКА 7: Депилација со восок за време на оние денови

Менструацијата е веројатно еден од факторите по кои се водите кога закажувате депилација на нозете во салон. Сепак, треба да размислувате за тоа и кога ги отстранувате влакната од другите делови од телото, ако сакате да одбегнете посилна болка. Хормоналниот дисбаланс и засилениот проток на крв се само некои од промените за време на менструација поради кои се намалува прагот на болката. Речиси сите жени чувствуваат поголема непријатност за време на депилација непосредно пред, за време и веднаш по менструацијата. Најдобро е депилација да се прави на средина од циклусот, за време на овулацијата.

 

 

Тагови: депилација
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина