1.Оддалечете се од мобилниот телефон!

Некои податоци велат дека дури 80% од луѓето навечер го оставаат мобилниот телефон вклучен, а половината од нив го користат како будилник. Некои дури го чуваат под перница, некои во близина на главата, најчесто на ноќното масиче. Една од скриените опасности е светлото кое мобилниот го зрачи, бидејќи може да го блокира излачувањето на хормонот меланин, кој е одговорен за регулација на сонот. Но, веќе самата близина на мобилниот телефон прави да сме на готовс за да примаме пораки, што го отежнува лесниот сон. Поради тоа најдобро е да се изолирате од мобилниот барем на еден час пред да одите на спиење и, секако, да го држите подалеку од главата. Оддалечувањето на мобилниот на само 20 сантиметри од главата ќе го намали зрачењето за дури 98%!

2. Внимавајте на циклусот

Голем број жени ги отпишува неправилностите во циклусот и ги прешишува на стресот или на претстојната менопауза. Иако е вистина дека неправилноситте се нормални во тинејџерските години и во дваесеттитегодини, циклусот во триесеттата и четириесеттата година треба да биде правилен, а отстапувањата можат да бидат симптоми за разни проблеми, па дури и за рак.

Значителното отстапување на циклусот, кое се појавува повеќе од два пати, треба веднаш да се пријави на гинеколог. Поради тоа е многу важно да го бележите времето на менструацијата во циклусот и навреме да се обратите за помош, посебно ако се појават и други тегоби, како што се болка за време на однос или обилно крварење за време на менструацијата.

3. Внимавајте како седите

Минувањето на времето пред компјутер им го одзема на многумина поголем дел од денот. Но, повеќето од нив прават грешка која ќе ги чини многу и долгорочно скапо. За што помалку да го уништите грбот и вратот, се препорачува мониторот да го држите во висина на очите. Тоа би значело и лаптопот да го користите на маса, а не во скут.

При седењето, важно е аголот помеѓу колковите и грбот да ви биде поголем од 90 степени, карлицата да биде поставена малку повисоко во однос на колената, а стапалата држете ги рамно на под, наместо нозете да ви се вкрстени или прекрстени. Битно е и да седите на нешто меко, но и да имате и мало перниче за потпирање на долниот дел од грбот.

4. Здравје на кожата

Многумина ги одбегнуваат кремите за сончање, освен ако не се на летување. Дури и кога ја имаат нанесено, оставаат огромни делови од телото кои се без крема. Но, ако знаете дека долго време ќе се шетате или ќе се возите по сонце, важно е да нанесете крема за сончање. Вратот, рацете, нозете и рамењата обично се најизложените делови од телото, а битно е да знаете и дека некоја облека и стакло не ве штитат од штетното влијание на сончевите зраци.

5.Неправилна и недоволна хигиена на забите

Редовното и правилно миење на забите е предуслов за добро здравје, а загрижувачки број луѓе го игнорираaт овој факт, покажале неколку истражувања. Имено, хроничните воспаленија се тесно поврзани со појавата на срцеви заболувања, со дијабетес тип 2, мозочен удар, рак и Алцхајмерова болест. Накратко – лошата орална хигиена не само што не е добра за забите, туку и го скратува животот.

Сепак, поголем број луѓе не ги мијат забите како што треба, додека едно британско истражување дошло до уште пошокантни податоци – 9% од испитаниците ја делеле четкичката за заби со член од семејството, обично со партнерот.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина