Гравот е еден од најдобрите извори на влакна. Влакната не штитат на многу начини, па така со сигурност се знае дека исхраната со големи количини влакна го намалува ризикот од тумор, срцеви заболувања, дијабетес и дебелина. Во еден филџан варен грав има 11 – 17 грама влакнаТој исто така го смалува нивото на холестерол. При едно истражување спроведено на Универзитетот во Кентаки, САД, било заклучено дека за само три дена консумирање на половина филџан варен бел или шарен граб холестеролот кај машките испитаници бил намален за дури 19%.

Гравот е успешен регулатор на шеќерот во крвта

Гравот, односно влакната кои се содржат во него, имаат фантастични ефекти кај оние со дијабетес и проблеми со шеќерот во крвта. Растворливите влакна во гравот влијаат на брзината на апсорпција на гликозата. Значајни истражувања кои датираат уште од 1970 година покажале дека поголема количина влакна во исхраната ја подобруваат состојбата при хипогликемија. Исхраната со намирници со низок гликемиски индекс им се препорачува на оние со дијабетес, преголема дебелина, како и на оние со метаболички синдром. Влакната во гравот осигуруваат шеќерот во крвта да се подига многу бавно.

Потоа тука е и ракот. Научнииците забележале многу мала зачестеност на рак на дојката кај оие жени кои во својата исхрана користеле поголеми количини  грав или леќа. Доволно било да се консумираат два до три пати во неделата, за ризикот за добивање рак да се намали за 24% . Изгледа дека покрај влакната за ова антиканцерогено дејство на гравот заслужни се и некои други состојки во него. Една од фитохемикалиите која се наоѓа во гравот (лат. Diosgenin) се чини дека го спречува размножувањето на туморските клетки. А другите фитохемикалии во гравот – сапонини, инхибитори, протеази и фитичка киселина – ги штитат клетките од генетски оштетувања кои водат до појавата на тумори.

Во лабораториските истражувања, сапонините се покажале како способни да го спречуваат размножувањето на клетките на туморите и забавување на растот на туморите; инхибиторите на протеазата покажале способност да го забавуваат делењето на туморските клетки, додека фитичката киселина значително го намалила напредувањето на туморот. Според едно истражување објавено на страниците на American Institute for Cancer Research, оние мажи кои консумирале најмногу грав, имале за 38% помали шанси да заболат од ак на простатата од оние кои јаделе малку грав.

Гравот е богат и со антиоксиданси. Ова посебно се однесува на црвениот грав, кој има најсилни антиоксидативни својства. Многу видови грав содржат во себе голема колчина фолна киселина (посебно азуки гравот и шарениот грав), што делува позитивно на срцето; потоа содржат и магнезиум, железо, цинк и калиум, а може да се најде и молибден, кој ја поттикнува активноста на ензимите.

Гравот содржи и белковини, од прилика 15 грама во еден грст грав. А не содржи хормони, стероиди или антибиотици, за разлика од другите извори на белковини.

Поради сето претходно кажано, во својата исхрана мора да го вклучите гравот, бидејќи:

  • е еден од најдобрите извори на влакна, кои помагаат во намалувањето на ризикот од тумори, срцеви заболувања, дијабетес и дебелина;
  • го намалува нивото на холестерол;
  • успешно го регулира шеќерот во крвта поради нискиот гликемиски индекс;
  • содржи фитохемикалии, кои имаат антиканцерогено дејство;

  • богат е со антиоксиданси;
  • одличен извор е на белковини;

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина