Коските се цврсти однадвор и содржат во себе жолта супстанција која се нарекува срж. Во неа се формирата црвените крвни зрнца. Самата цврста коска е составена од матрица од клетки кои се кршат во континуитет и кои повторно се обновуваат, создавајќи посилна структура на телото.

Дури и во постари години, не смеете да се помирите со фактот дека ќе ја загубите густината на коските и мускулната маса. Зачувајте ги коските кои ги имате и превенирајте ја нивната загуба со започнување на програма за вежбање. Како и при секоја програма за вежбање, започнете полека и вежбајте до постигнување успех.

Како да добиете поцврсти коски?

Следуваат неколку типови на вежби со кои се градат поцврсти коски. Кога се користат коските, клетките наречени остеобласти ги градат повеќе коски. Други клетки наречени остеокласти ги крпат оштететните коски за да направат пат за нови посилни коски.

Применувајте тренинг со сила  Многумина сметаат дека теговите се само а бодибилдерите. Напротив. Секој, без рзлика на возраста, мора да употребува тренинг со сила во секојдневната рутина на вежбање барем еднаш до два пати во неделата. Додека се кинат влакната на мускулите и се радат уште посилни, од кревањето тежина полза имаат и коските, спротивставувајќи и се гравитацијата. Може да ја користите сопствената тежина или да додадете тежина на тегови.

 Вежбајте со висок интензитет  Ползата од вежбањето доаѓа со зголемување на интензитетот со тек на времето. Тоа го зголемува кардиоваскуларното здравје, но исто така и густината на вашите коски. Ако започнувате со лесни вежби, тоа е во ред. Телото ќе се труди да се адаптира и тоа исто така ќе ги гради коските. Излегувањето од оваа рутина секоја недела или на секоја втора недела ќе им донесе поголем притисок на коските, а тоа ќе ги зајакне.

Предизвикајте го телото  Кога изведувате една те иста вежба секој ден, со тек на време ќе престанете да гледате резулати, а тоа вклучува и зајакнување на коските. Ако започнете со нов вид на вежбање, вие го предизвикувате телото да научи нова рутина и да користи нова група на мускули. Тоа исто така делува и на коските кои се прицврстени на тие мускули.

Користете ја сопствената тежина – Вежбање кое ја вклучува вашата телесна тежина вклучува степ аеробик, прескокнување јаже, трчање и тенис.

Дали сакате да изградите посилни коски? Еден од најдобрите начини за да се постигне тоа е вежбањето. Одберете ја вистинската физичка активност која ќе го зголеми растот на коските.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина