Со 20 мин трчање дневно до голема разлика

Само 20 минути пешачење дневно спречува дијабетис и многу срцеви болести

Пешачењето би можело да спаси илјадници животи дневно ширум светот- доколку само се одвојат 20 минути за пешачење. Токму прошетка од само 20 минути е доволна за човечкиот организмам да биде способен да се одбрани од многу хронични заболувања и прерана смрт заради рак, разни срцеви заболувања и мозочен удар, се тврди во новото британското истражување Macmillan Cancer Support.

Истовремено, научниците од Лондонската Школа за економија, Медицинскиот Факутет при Харвард и Медицинскиот Факултет при Стенфорд универзитетот тврдат дека умерената физичка активност е подеднакво добра и корисна за превенција од дијабетис и разнисрцеви болести, како лековите и другите медикаменти наменети за овие состојби.

Сепак, во многу западни земји заради секојдневна употреба на автомобили и други превозни средства, канцелариска работа која вклучува многу седење и работа пред компјутерскиот екран, една третина од светското население пешачи по едвај 30 минути неделно– минути во кои се вклучени и секојдневното купување на намирници, одењето на работа, училиште или факултет.
Оваа статистика е многу загрижувачка, затоа што последиците од физичката неактивност доведуваат до состојби кои се опасни по живот. Истражувањата покажуваат дека физичката неактивност може да го скрати животот за три до пет години и да ги зголеми од 25-50 проценти шансите за развој на неколку видови рак, срцеви болести и мозочен удар.

Лекарите веќе подолг период предупредуваат дека треба да се пешачи најмалку 150 минути неделно, односно просечно најмалку 21 минута дневно.

Недостатокот на физичка активност е виновен за 17 проценти од регистрираните случаи на прерана смрт, се наведува во ова ново истражување.

Третина од испитаните Британци се многу неактивни, бидејќи се изјасниле дека вежбаат помалку од 30 минути неделно, а објективното испитување покажува дека таа бројка веројатно е значчително повисока, односно дека повеќе од половината не успеваат да вежбаат ниту 30 минути неделно.

Досегашните испитувања покажуваат дека само шест проценти од мажите и четири проценти од жените од светската популација успеваат да вежбаат и да бидат физички активни 150 или повеќе минути неделно- во согласност со препораките од докторите.

Но, дури и ако не се стигне во теретана, речиси секој може да го зголеми времето за пешачење односно прошетки, бидејќи, како што се напоменува во извештајот, само четири проценти од луѓето во светот не можат да одат или им е потребна помош при одење.

Доктор Вилијам Бирд , основач на здружението „Walking for Health and Intelligent Health“  која го поттикнува вежбањето, вели дека недостатокот на физичка активност е поголем причинител за болести и прерана смрт дури и од прекумерната дебелина.

‘Можете да бидете дебели и фит, но не можете да бидете здрави ако сте неактивни и витки’ – истакнува тој.

На пациентите заболени од рак, физичката активност може да им помогне при подоброто поднесување на нуспојавите од лечењето, а може дури и да ги намали шансите за повторно појавување на ракот. 

Лекарите објаснуваат дека пешачењето го подобрува здравјето и така што ја зголемува борбата против разните воспаленија и спречува настанување на штети на органите кои ја создаваат енергијата.

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.