Гоблет чучнувања
Најдобрите спортисти и најподготвените луѓе во светот не поседуваат посебна магија за да дојдат до врвни резултати. Тие всушност тренираат посилно од другите и се трудат да ги совладаат техниките на базичните вежби, со цел да направат разлика. Да можете да правите совршено бројни базични вежби е најдобрата работа која можете да ја направите во фитнесот, бидејќи пред се се екстремно ефикасни.
Гоблет чучнувањата или уште попознати како чучнувања со пехар, е едноставна вежба за која е потребен само еден тег. Кога се прави правилно, го погаѓа целосниот долен дел од телото, метаболички ги активира мускулите и го јакне јадрото на телото. Поради самиот свој карактер гоблет чучнувањата имаат единствена способност да ги откриваат слабите страни на мускулите на јадрото и да го зајакнат тој дел од телото, пред се преку обликување на стомачните мускули.
Благодарение на оваа вежба била осмислена кратка програма под името ИВТ (IWT). Оваа тренинг програма спаѓа во категоријата на интервални тренинзи, па така делува силно на трошењето на калориите и на обликувањето на мускулите.
Со двете раце фатете ги тегот или руското звоно од 20 или 25 килограми, наместете го часовникот на време до две минути. Направете по 10 чучнувања, а потоа веднаш преминете на справата за веслање. По две минути направете пауза во истиот временски период. Тоа е првата рунда. Направете вкупно по три круга.