Гнојната ангина е болест која најчесто ги погодува малите деца, но знае да се појави и кај возрасните. Главни карактеристики на оваа болест се потешкотии со голтањето и болка во грлото, a се јавува поради пад на имунитетот.

 

Симптомите на оваа боелст можат да се ублажат, а иако може да помине сама од себе, најчесто се лекува со антибиотици.

 

Симптоми на гнојната ангина

 

Симптоми на гнојната ангина се црвенило во грлото, присутност на плак на крајниците, губење на апетитот, зголемена телесна температура, главоболка, осип во устата или на кожата, воспаление на слузницата на очите, болки во стомакот, болка во грлото која се шири кон ушите, отечени крајници со бели дамкиi, задишаност, поспаност и слабост, отечени лимфни жлезди на вратот и под вилицата, промени во гласот или губење на гласот, кашлица и течење на носот, повраќање и мачнина.

 

Гнојната ангина најчесто ги напаѓа децата на 3-годишна возраст, кои се посебно чувствителни на заразни болести. Ако кај детето се јавува гнојна ангина повеќе пати во годината, значи дека се работи за воспаление на крајниците.

 

При лекувањето најважно е да му се помогне на детето да се одмори и што побрзо да успее да се врати на секојдневните активности. Потребно е да се поттикне да пие и да јаде. Крутата храна не смее да се најде на менито со оглед на то што се работи за болка во грлото, а не е препорачливо на детето да му се нудат ниту топли пијалоци и храна. Најдобро е да јадат студени јадења, сладолед или да нусе дава да пие студени пијалоци.

 

При вносот на течности, посебно треба да се обрати внимание за да се спречи дехидрација, а најдобар избор се минерална вода и сокови. Исто така ќе му помогне и ако му се измие грлото со солена топла вода.

 

Лекување на гнојната ангина

 

За гнојната ангина секогаш се припишува антибиотик и важно е болниот да мирува, да одбегнува крута и зачинета храна и да пие многу течности. Потребно е да се храни со каши, супи и пире.

 

Гнојната ангија претставува заразна инфективна болест која се пренесуба под влијание на околните фактори, преку капки, воздухот или со активација на сопствените микроорганизми во телото.

 

На развојот на гнојната ангина можат да влијаат и други здравствени состојби, како што се болести на непцата и кариес, консумирање лкохол, настинки, пушење и трауматски повреди на крајниците.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина