Секој кој сака изградени мускули, знае дека протеините се градбен материјал за мускулите. Исто така, знае и дека протеините се состојат од уште помали составни делови – аминокиселини. Тие се 20 на број, некои од нив организмот може да ги создаде сам (неесенцијални), а некои не може да ги синтетизира сам и мора да ги внесе од надвор (есенцијални ).

По овој критериум, глутаминот спаѓа во неесенцијалните аминокиселини. Сепак, тоа е за глутаминот само делумно точно. Имено, телото е способно само да ја синтетизира оваа аминокиселина, но во случај телото редовно да биде изложено на зголемени напори при интензивни и напорни тренинзи, побарувачката за глутамин се зголемува и ги надминува капацитетите кои телото е во можност да ги произведе. Глутаминот во овој случај мораме да го внесеме од надвор. Затоа глутаминот е познат како “условно есенцијална аминокиселина”.

Глутаминот е најзастапената аминокиселина во мускулното ткиво (преку 60% од вкупните аминокиселини). Во телото има неколку важни, корисни ефекти, па следи краток преглед …

 

glutamin_3

Структура на глутамин

 

Позитивните ефекти на глутамин во телото

Зголемување на обемот на клетките

 

Кога концентрацијата на глутаминот надвор од клетката е поголема од онаа во рамките на клетката, глутаминот кој се наоѓа надвор од клетката влегува во клетката се додека концентрациите во рамките на клетката и надвор од клетката не се изедначат. Притоа, заедно со глутаминот, во клетката навлегува и вода. Резултатот е зголемување на волуменот на клетката, која води во насока на синтеза на нови протеини, што е неопходно за раст на мускулната маса.

Подобро функционирање на имунолошкиот систем

 

Факторите на стресот како што се трауми, болести, интензивен тренинг, … ја намалуваат концентрацијата на глутамин во телото. Причина за ниските нивоа на глутамин во телото е слабиот имунолошки одговор, бидејќи глутаминот е храна за одбранбените клетки (лимфоцити, макрофаги, неутрофили).

Ова особено се однесува кај претренираните спортисти бидејќи кај нив е особено изразена зголемената потреба на мускулите за глутамин, а затоа без глутамин остануваат имунолошките клетки. Со внесување на глутаминот во форма на суплемент, може значително да се намалат ваквите непожелни ефекти.

 

Зголемување на производството на антиоксидансот глутатион

 

Глутатионот како антиоксиданс спречува негативно делување на слободните радикали врз клетките.

 

Поволен азотен биланс

 

Позитивната рамнотежа на азотот во мускулите создава поволна клима за раст на мускулите.

 

Неутрализација на киселата средина

 

 

Глутаминот помага во производството на бикарбонат, кој ги неутрализира киселните продукти на метаболизмот кои настануваат како резултат на интензивниот тренинг (млечна киселина и амонијак). На овој начин се спречува заморот на мускулите и се овозможува подолг тренинг.

Иако во сенка на креатин монохидратот, многумина ќе се согласат дека глутаминот има поголем долгорочен потенцијал за подобрување на растот, силата и здравјето во целина. Креатинот докажано делува, а глутаминот исто така, меѓутоа дејствува на многу повеќе полиња отколку креатинот монохидрат.

Со оглед на погоре наведените ефекти на глутаминот, јасно е дека не се работи за само уште една аминокиселина и дека глутаминот е многу повеќе отколку само градбен материјал на протеините. Сите сериозни спортисти, од бодибилдери па се до маратонци, се повеќе го прифаќаат глутаминот како незаменлив дел својата суплементација.

Зошто е толку важно глутаминот и незаменлив во светот на бодибилдерите?

 

glutamin_1

 

 

Глутаминот е директен регулатор на изградбата и разградувањето на протеините во мускулните клетки. Мускулното ткиво е главното место на создавањето и складирањето на глутаминот. Во текот на изминатите две децении, научниците откриле дека било кој стрес (траума, оперција, изгореница, инфекција, гладување, неисхранетост), и тежок или долготраен физички напор доведува до ослободување на глутаминот од мускулите.

 

Губењето на глутаминот од мускулите е пропорционален на стрес, така што при поголем стрес резервите на глутамин може да бидат значително намалени. Каде оди глутаминот од мускулите? Па, тој оди во ткивата на кои им е потребен и кои не се во состојба сами да го синтетизираат (вклучувајќи ги и клетките на имунолошкиот систем и цревата).

Градењето на мускулната маса не му е апсолутен приоритет на телото. Хиерархиски му се поважни функциите кои го овозможуваат самото преживување (на пример, имунолошкиот систем кој игра голема улога во регенерација на ткивата “оштетени” од интензивниот тренинг).

Кога глутаминот излегува од мускулите, проблемот не е само во тоа што мускулот останал без градбениот материјал кој би требал да биде вграден во новонастанатите протеини во мускулите. Тука и маката на бодибилдерите е уште поголема, бидејќи и аминокиселините од разгранетиот синџир на аминокиселини (BCAA) се намалено достапни за синтеза на протеини, бидејќи мускулот сега ги користи за синтеза на глутамин. Понатаму, кога нема глутамин во мускулите, тој дехидрира, бидејќи глутаминот со себе ја повлекува и водата. Кога протеините во мускулите остануваат без вода, тие се разградуваат (катаболизам!)

 

Покрај тоа антикатаболичките и анаболните својства, глутаминот има уште еден ефект кој е од посебно значење за спортистите, особено бодибилдерите.

Имено, глутаминот влијае на метаболизмот на јаглехидратите. Една студија покажала дека инфузијата на глутамин ја зголемила концентрација на глукоза во крвта. Во исто време, не дошло до промена ниту во концентрацијата на инсулин, ниту во концентрацијата на глукагон, кои се главни хормони за регулирање на шеќерот во крвта. Овие сознанија имаат големо значење за диетите при кои внесот на јаглехидрати е сериозно намален. Во такви ситуации, глутаминот кој го внесуваме од надвор, го снабдува мозокот и целиот нервен систем, што значи дека мускулната маса останува снабдена со глутамин (поврзано со соодветна хидратација) и на тој начин поштедена од катаболизам.

Имајќи го сето ова во предвид, со цел да го максимизираме опоравувањето и растот, ние секогаш треба да чуваме највисоко ниво на резерви на глутамин во мускулите. Од ова може да се заклучи дека тоа не е суплемент кој треба да се зема периодично. Кога се зема заедно со креатин монохидрат, нивните ефекти врз хидратација на клетките се зголемуваат.

 

Теоретски, би можеле преку исхрана да внесеме cca 10g глутамин дневно (најсоодветните извори се млеко, месо, а дури и некои јаткасти плодови). Сепак, цревните ресички се многу брзи потрошувачи на глутамин, па многу мал дел од него стигнува до мускулите. За мускулите да бидат оптимално хидрирани треба дневно да се внесе околу 20-25 g глутамин, што значи дека суплементацијата е задолжителна.

 

Исто така, со консумирање на дополнителен глутамин се зголемува биолошката вредност на остнатите протеини од исхраната, затоа што тогаш се штедат аминокиселините од оние протеини кои нормално би биле искористени за синтеза на глутамин.

 

Како да го земате суплементарниот глутамин?

 

 

Наједноставниот начин е да се користите чист глутамин во прав. Овој прав е со неутрален вкус и мирис. Се консумира едноставно- една лажичка 3-5 пати на ден. Најдобро време за земање е веднаш по будењето, пред да одите на спиење, пред и после тренинг.

Клучот лежи во редовното земање на глутамин, без паузи. Тој има голем позитивен ефект врз закрепнувањето на мускулите. Квалитетното обновување создава услови за поголеми мускулни оптоварувања, а повисокото оптоварување води до поголеми мускули.

И уште нешто … глутаминот не треба да се зема само во периодите кога вежбаме интензивно. Тој треба да се зема и кога сме под било каков вид на стрес – без разлика дали имаме грип, настинка или болно грло … Дури и во емоционалните состојби кога сте нерасположени или ненаспани!

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.