Глината е еден од најмоќните чистачи на организмот кој постои. Има огромна моќ на апсорпција. Неверојатно ефикасно ги впива наталожените отрови во организмот и ги исфрла надвор. Се произведува во вид на гранули или прав, но најлесно се наоѓаа онаа во прав. Постојат повеќе видови глина – зелена, црвена, жолта, бела и сива. Сепак, зелената глина најмногу се користи за разлика од другите. Постои глина за внатрешна употреба, а постои и таква која е исклучиво само за надворешна употреба (мелеми, маски). Подобра е да имате од онаа која е за внатрешна употреба, бидејќи таа за се може да се користи. Глината се пие, помешана со вода. Се подговува во стаклена чаша, а се меша со дрвена или пластична лажица. Во половина чаша се додава една мала лажица глина и се остава да отстои 2-3 часа (може и подолго). Наутро, на празен стомак, се меша течноста и се пие. Се пие само водата (посебно само на почеток), чекајте глината да падне на дното од чашата. За време на овој третман со глината, треба да се зголеми пиењето на вода, со што се забрзува процесот на отстранување на штетните материи од организмот.

Консумирањето на глина не треба да трае подолго од три недели. Дејството на глината е исклучително јако, па телото може да реагира на неа. Поради тоа во некои случаи може да направи да се влоши наместо да се подобри состојбата. Ова посебно важи доколку имате висок крвен притисок или ако патите од астма и алергија.

Рани и изгореници

Не постои подобро средство за рани и изгореници од глината. Таа се меша со крвта и веднаш ја заздравува раната, која здравее од три до пет пати побрзо од вообичаено. Глината може директно да се стави на рана или изгореница, но чувството е подобро, посебно при изгорнеииц, ако претходно направете смеса од неа и ја нанесете. Ефектот е неверојатен.

Глината и убавината

Глината се користи и како превентивно средство за нега на кожата на лицето и телото. Многу е ефикасна за лекување разни проблеми на кожата на лицето и за негова регенерација. Може да се употребува и во облик на маска или бањи. Како бања лесно се апсорбира, има исклучително благопријатно дејство врз целиот организам, бидејќи релаксира, отстранува замор и стрес, a кожата станува мазна, мека и еластична. Со бања со глина се ублажуваат напнатостите во мускулите и болките во зглобовите се намалуваат.

Во топла вода за капење додадете глина во прав. Оставете ја да отстои околу 30 минути. За да делува рамномерно на телото, намачкајте го целото тело со глина и оставете да стои додека не почне да се суши. Потоа отстранете ја со туширање со млака вода. Оваа бања опушта, ослободува од токсини и придонесува за убавина на кожата.

Маска со глина – се користи за длабинско чистење на лицето. Глината се меша со малку студена вода и се нанесува на лицето (се одбегнува делот околу очите и усните). Се држи 10 минути на лицето, а потоа се измива со млака вода. Сепак, оваа маска најмногу одговара за оние кои имаат масна кожа. Кај оние со сува кожа може само доолнително да ја исуши кожата.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина