Дали сте знаеле дека секојдневните навики, како што е на пример гледањето на омилената серија, пиењето кафе и патувањето со градски превоз, прават да изгледаме постари? Дерматолозите предупредуваат дека кожата помни се и предлагаат добро да го погледнете своето лице во потрага по симптоми кои ќе ви укажат на нездравите навики.

Можеби сакате по напорниот ден да се опуштите со неколку епизоди од омилената серија која ја следите на лаптоп, но знајте дека повеќечасовното зјапање во екранот е смртна пресуда за вашата убавина. Според дерматолозите, светлото од компјутерскиот екран и од мобилните телефони продира во подлабоките слоеви на кожата, ги оштетува, ја намалува количината на колаген и еластин кои се заслужни за цврстина и за младешки изглед. Последиците од тоа се брчки и кожа која виси.

Од друга страна, оние кои пијат многу кафе имаат малку поинакви симптоми. Најтипични се сува и дехидрирана кожа, бидејќи кофеинот е диуретик и тој ја извлекува водата од клетките. Не е исклучена ни розацеата, која се манифестира со црвенило и со почувствителна кожа.

И одењето до работното месо не нагрдува, правејќи ни ја кожата безживотна, сува, набрчкана, со можни пеги од сонцето и дипигментација. Причините за тоа се смогот, прашината и хемикалиите кои влијаат на намаленото производство на колагенот, затворање на порите и зголемн број на бактерии. Многу дерматолози тврдат дека загадувањето е дури поопасно иод УВ-зрачењето, што го илустрираат со податоците дека жените од градовите стареат за 10% побрзо од оние од руралните средини.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина