Лекувањето на вртоглавицата зависи од причината и симптомите кои ја следат и обично е ефикасно.

 

Вртоглавицата е симптом, а не болест

 

Појавата на вртоглавица создава илузија на движење. Честопати се работи за чувство како целата околина да се движи и тоа е проследено со многу непријатни симптоми како што се мачнина и повраќање. Ваквиот тип на вртоглавица може да се нарече со латинското име vertigo или едноставно станува збор за ротациска вртоглавица. Пациентите се жалат на вртоглавица и кога немаат чувсто на ротација, туку само чувство на нестабилност. Во сите случаи кога некој се жали дека има чувство на вртоглавица, потребно е да да се имаат детални податоци врз база на кои ќе може да се одреди за каков тип на вртоглавица се работи.

 

Вртоглавицата не е болест, туку е симптом од други здравствени нарушувања и нејзиното лекување зависи од нивните симптоми и причини. При преглед треба да се утврди дали се работи за вртоглавица која настанала како последица од нарушување во т.н. ватрешно уво или се работи за нарушување во средишниот нервен систем или можеби се работи за психолошки проблем кој довед до чувство на нестабилност. Кога чувството на вртоглавица е зависно од поожбата на главата (на пример нагло станување), тогаш често се работи за т.н. бенигно позициско вертиго.

 

Симптон на потиштеност

 

Кај постарите лица многу често се работи за нарушување на мозочната циркулацаија, но и кај старите може да станува збор за споменатото бенигно позиционо вертиго, кое може многу усшешно да се лекува со одредена терапија. Кај помладите лица, чувството на вртоглавица може да биде во склоп на анкциозното нарушување, кое понекогаш бара и лекување по препорака на психијатар. Во секој случај потребна е детална анализа на сите симптоми и телесен преглед врз основа на кој ќе се утврди која е причината за вртоглавицата и далис е потребни дополнителни анализи.

Стресот – една од причините за вртоглавица

Главни причинители

 

Кај вистинската вртоглавица причината за нарушувањето обично се наоѓа во внатрешното уво, додека кај другите нарушувања на рамнотежата причината е најчесто невролошка, кардиолошка или некоја друга системска болест. Ако вртоглавицата настанала нагло, со понекогаш присутно шумење, полност во увото или наслабнат слух, првенствено постои сомневање за болест на внатрешното уво. Доколку е развојот постапен, a изразени се и други симптоми, причината најчесто се наоѓа вон увото. Веертигото предизвикано од промени во средниот нервен систем најчесто е поврзан со други знаци, како што се двојни слики, нарушување на говорот и моторични испади. Пречките можат да бидат изразени одвреме – навреме или постојано, што повторно укажува на евентуалната причина. Иако вртоглавицата во повеќето случаи не е опасна, таа може да биде симптом за мозочен удар.

Кога треба да постои загриженост?

 

Нагло настанатата вртоглавица може да биде и израз за мозочен удар, иако тој е, за среќа, ретка причина за појава на вртоглавица. Во тие случаи постојат и други пратечки симптоми како што се неможност за одење, слабост во нозете и нарушување во говорот. Лекувањето на вртоглавицата зависи од нејзиниот причинител. Честопати доволни се третманите кои можат да се применат и дома, потоа тука е промената на начинот на живот како и лековите.

 

Ако вртоглавицата е предизвикана од проблеми со внатрешното уво, лековите и вежбите кои се изведуваат дома можат да помогнат при управување со рамнотежата. Лековите можат да помогнат и при болки и мачнини, како и кај анкциозни нарушувања.

Една од причините за вртоглавица е и мигрената, која се лекува со лекови и со промена на начинот на живот, како што е одбегнување на активаторите на мигрената. Консумирањето многу течности помага кога вртоглавицата е предизвикана од претерано вежбање, топлина или дехидрација. Треба да се одбегнуваат кофеинот, алкохолот и туунот, како и сите материи кои влијаат на рамнотежата или кои се поттикнувачи на вртоглавицата.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина