Брчките не се само знак за стареење, туку можат и да откријат и што ве измачува и кои ваши навики делуваат штетно врз здравјето и изгледот. Така, кај оние кои имаат изразени хоризонтални брчки на челото, може да се заклучи дека се премногу загрижени. Кај помладите можат да бидат знак за претерано консумирање на шеќери, млечни производи, како и на билни и животински масла и масти.

Две вертикални брчки помеѓу веѓите означуваат лутина или потисната лутина, која може да се изразува со нетрпение, фрустрација и/или здодевност. Ако тие брчки се спуштаат надолу, кон коренот од носот, можат да значат грижи и претерана концентрација. Ако имате забележано вертикални брчки на образите, тогаш тоа е знак дека сте константно под голем стрес.

Брчки на усните, посебно оние ситни вертикални над горната усна, упатуваат на претерана загриженост. Честопати се проследени со куси брчки на ,,разочараност,,, кои од аглите на усните се спуштаат накосо кон вилицата. Ситните вертикални линии кои се наоѓаат под долната усна означуваат огорченост и незадоволство од животот.

Брчките на брадата, односно на вертикалната линија со брадата, посебно кај помладите, упатуваат на ирационални и рационални стравови.

Брчките кои од надворешниот агол на окото, во лак, се ,,качуваат,, кон нагоре зборуваат за среќа и радост, додека оние кои се спуштаат кон јагодиците и/или пониско, по образите, се знак дека повеќе сте тагувале во животот отколку што сте се радувале.

Не ги откриваат само годините: еве што друго кажуваат брчките за нас

Остеопороза
Длабоките брчки можат да бидат знак за ниска густина на коските. Тестирањата направени над 100 жени, на возраст помеѓу 40 и 50 години, ја потврдиле корелацијата помеѓу длабочината на брчките и густината на коските. Тоа е веројатно поради тоа што кожата и коските имаат заедничка состојка – колагенот, кој се намалува како што старееме.

Рана фаза на срцева болест

Дијаголната брчка на ушната ресичка може да означува рана фаза на срцеви проблеми. Оваа дијагонална брчка е позната уште и под името Френков знак, а името го добила по научникот Сандерс Т. Френк, кој ја открил во 1973 година. Таа настанува поради пропаѓање на капиларите на ушната ресичка, што укажува на промена на состојбата на крвните жили околу срцето.

Висок крвен притисок

Жените кои изгледаат помладо воглавно имаат понизок крвен притисок. Исто така, жените и мажите кои живеат подолго имаат помалку брчки на рацете над лактовите.

Стрес
Брчките можат да настанат и поради стрес. Оние кои се под стрес често се муртат, што со тек на време создава брчки на челото. Последиците од стресот не се гледаат само на челото – хормонот за стрес се излачува засилено и го уништува колагенот.

Шеќери
Брчките, исто така, можат да покажуваат и дека јадете премногу шеќери. Тој се поврзува со протеините во телото и создава сложени супстанции кои ги уништуваат еластинот и колагенот, што доведува до создавање на брчки. Ако веќе не можете без слатко, ви препорачуваме да јадете овошје, особено калинка и манго.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина