Дали едно древно растение може да направи да се чувствувате посилни и умствено побистри? Експертите велат – да. За сето тоа потребен ви е гинсенгот, природен лек кој ви е потребен за зајакнување на енергијата и подобрување на фокусирањето.

Гинсенгот (лат. Panax ginseng) е природен лек кој ја подобрува меморијата и менталното фокусирање. Исто така се користи за подобрување на имунитетот. Гинсенгот е корен кој се продава сув како чај, за подобрување на вкусот на пијалоците, како течен екстракт, тинктура и во облик на капсули. Може да се најде како азиски, кинески и корејски гинсенг.

Гинсегот се користел во традиционалната кинеска и корејска медицина за зголемување на силата и живоста од 1700 година. Забележано е дека многу брзо делува и дека им помага на телото и умот да го надминат хроничниот замор, заканата на денешното модерно време. Четиристотини години подоцна, гинсенгот е најбараното растение во светот, според Светската Здравствена Организација.

Како функционира?

Овој лековит корен може да му даде енергија на мозокот преку ширење на крвните садови, што доведува до поголема снабденост на мозокот со крв. Но, тоа е само дел од неговата полезност. Гинсенгот содржи дванаесеттина активни состојки, кои помагаат за засилување на силата и фокусирањето, соединенија познати како гинсеносиди, кои функционираат здружено за да го ревитализираат функционирањето на целото тело.

За зајакнување на енергијата, потребни се 100 мг. гинсенг два пати дневно во вид на тинктура, екстракт или капсули, кои содржат 4% гинсеносиди. Или, може да се консумира чај од од гинсенг, подготвен од 1-2 гр. корен од гинсенг и истиот да се пие во текот на денот.

Гинсенгот не се препорачува да се зема доколку се примаат лекови за разредување на крвта или антидепресиви. Дијабетичарите исто така треба да внимаваат на тоа дека гинсенгот може да ги намали нивоата на шеќер во крвта. Исто така, гинсенгот доведува до несоница или вознемиреност. Во тој случај, треба веднаш да се прекине со неговото консумирање.

Дали гинсенгот навистина може да помогне во постигнувањето на врвни резултати при полагање испити или во помнењето на имињата на клиентите на работа? Едно истражување спроведено на Универзитетот Нортумбрија, во Велика Британија, покажало дека оние испитаници кои зеле доза од 400 милиграми гинсенг забележително имале многу подобри резултати. Гинсенгот им ја подобрил брзината и точноста при давањето на тестовите за ментални вештини. Тоа било воочливо кога овие тестови биле споредени со оние кои ги направиле пред да земат гинсенг.

Модерни истражувања и студии за гинсенгот

Ревитализирачките ефекти на гинсенгот му ја имаат донесено неговата репутација дека е вистински подобрувач на циркулацијата. Додека неколку студии тврдат дека навистина го постигнува тоа, некои експерти всушност велат дека тој го покачува крвниот притисок во случај ако многу се консумира кофеин парарлелно со неговото земање, сепак најголем дел од нив потврдуваат дека тој го подмладува телото и ја подобрува целокупната здравствена состојба на организмот. Или, според СЗО, гинсенгот ги засилува менталните и физичките капацитети во случаи на слабост, истоштеност, замор и пад на концентрацијата.

Во еден интересен шпански експеримент, истражувачи на природни лекови развиле млеко во кое додале гинсенг, надевајќи се дека на тој начин ќе им го подобрат сеќавањето на старите лица. Засега се уште нема резултати од тоа.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина