Генетиката има големо влијание врз здравјето на човекот, но и врз метаболизмот и слабеењето. Салото на стомакот го предизвикуваат стресот и нерамнотежата на цревните бактерии, на листовите – недостиг на сон и на витамин Б, на рацете – насобраните токсини, додека на лицето тоа се преголемите количини алкохол.

Постојано велиме, дури и кога малку јадам, некако се ми оди во стомакот, исто како на мајка ми… Ако ви е позната оваа реченица, а ви звучи како класично извлекување на генетиката, треба да знаете дека во неа има вистина. За вашето стомаче одговорни се 49 гени. Вам само ви преостанува, како на некој врвен диригент, да воспоставите рамнотежа, така што тие синхронизирано да работат. Иако градбата на телото во најголема мерка е поврзана со генетиката, распоредот на мастите исто така зборува многу повеќе отколку што мислиме за нашето здравје, имаат покажано анализите од бројни нутриционистички студии.

Стресот е виновен за се

Една од главните причини за таложење наслаги на вашиот стомак е коритзолот, кого организмот го испушта за време на стрес. Значи, првиот чекор кон решавање на стресот е токму вежбањето. Студијата која е направена врз семејни примероци (близнаци/браќа/сестри/родители) покажала дека само 30 минути активност дневно (која ги зацврстува мускулите и го намалува стресот) значително влијае на обемот на вашето тело, а дошле дури и до просечни разлики од дури 8,4 сантиметри во половината, што не е воопшто лошо за само 30 минути лесни вежби. Еве некои вежби кои ќе ви помогнат да започенете со преобразувањето.

Издржување

Наместете се во положба за склекови со рацете или подлактиците поставени директно под рамењата и со стапалата пошироко поставени од рамењата. Стегнете ги мускулите, колковите наместете ги рамно со подлогата, а стапалата за сето време држете ги на подот. Останете во оваа положба 30 секунди.

Наизменично спуштање на нозете

Легнете на грб и подигнете ги нозете над колковите, а рацете држете ги на подот покрај телото. Стегнете го цврсто торзото, додека едната нога полека ја спуштате кон подот. Потоа полека вратете ја во почетнат аположа и повторете го истото со другата нога. Вежбата повторете ја осум пати наизменично со секоја нога.

Издржување со ротација

Заземете почетна положба за склек, стапалата поставете ги во ширина на колковите, а рацете под рамењата. Подигнете ја едната рака во  и ротирајте ги торзото и колковите, така што со лицето да бидете свртени во страна. Целото тело треба да зазема положба која ќе потсетува на буквата Т. Вратете се во почетната положба, направете ја вежбата со ротирање на другата страна, а сето ова повторете го осум пати.

Подигање на колковите

Легнете на грб со рацете поставени на страна, со свиткани колена и стапала поставени на под. Колковите подигнете ги се до колената, така што да бидат во иста линија со рамењата. Останете во таа положва две-три секунди, а потоа вратете се во почетната положба. Повторете го ова од осум до десет пати.

За крај, ако сакате да ја победите генетиката на секое поле и во секоја смисла да бидете подобра верзија на себеси, препорачливо е редовното трчање.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина