Јапонските научници го истражувале влијанието на газираните пијалоци врз бубрезите и дошле до загрижувачки резултати. Имено, истражувањата направени на Универзитетот во Осака покажале дека само два газирани пијалока дневно можат да доведат до појава на симптоми на тешко заболување на бубрезите.

Истражувањата спроведени на над 12 000 вработени луѓе, покажале дека шеќерите и другите вештачки засладувачи кои се наоѓаат во газираните пијалоци го подигнуваат нивото на солта во крвта. Напрегајќи се да ги исчистат крвните садови, бубрезите од нашето тело ослободуваат и многу важни протеини.

Еден од првите симптоми за недостаток на протеини во организмот е вишок на протеини во урината, а нажалост, после долготрајната употреба на овие штетни пијалоци, овој процес станува неповратен, односно по престанокот на конзумирање на газираните пијалоци, не е можно да се поврати нормалната состојба и работа на бубрезите, бидејќи оштетувањето веќе се случило.

Притоа, се излачуваат неопходните протеини од организмот и откажуваат бубрезите, а личноста станува подложна и на други заболувања- како на пример дијабетис тип 2, зголемена телесна тежина и зголемен крвен притисок,а со самото тоа се зголемува и ризикот од појава на срцев или мозочен удар.

Според истражувањето, 10 проценти од испитаниците кои конзумирале по две чаши газиран сок секој ден, после само три дена успеале да развијат симптоми на недостаток на протеини, а ништо подобро не поминале ниту оние кои конзумирале само по една чаша од некој газиран сок.