Љубителите на газираната вода можат конечно да се смират, бидејќи нема потреба да се грижат за своето здравје. Постојат многу митови во врска со газираната вода, од тоа дека го ,,извлекува,, калциумот од коските, се до тоа дека ја уништува забната глеѓ. Што е вистина од сето тоа?

Ако ја сакате газираната вода, не постои ниедна причина која би ве спречила да уживате во неа. Газираната вода е без калории и шеќер и е одлична замена за газираните пијалоци кои содржат шеќер, а посебно е добра ако се пие на празен стомак, бидејќи создава чувство на ситост.

Немате причина да се грижите ниту за забната глеѓ. Студијата објавена во “Journal of Oral Rehabilitation” докажува дека ризикот врз забната глеѓ е за 100 пати помала кај газираната вода, отколку кај останатите безалкохолни пијалоци. Исто така, истражувачите од Центарот за остеопороза на универзитетот Крајстон, САД, докажале дека газираната вода нема негативно влијание врз човековите коски за разлика од некои газирани пијалоци, кои ја намалуваат густината на коските во женските колкови. Откриено е дека е просечната густина на коските е намалена кај оние жени кои пиеле 3 пати неделно слатки газирани пијалоци.

Сите стручњаци се согласуваат дека газираната вода е безопасна се додека со исхраната се внесува доволна количина калциум. Докажано е дека оние луѓе кои ја пијат имаат помали проблеми со вишокот килограми, бидејќи меурчињата им создаваат чувство на ситост. Без разлика на меурчињата, еден дел од дневната препорачана количина течности може да се замени со газирана вода. Единствено ограничување во пиењето газирана вода постои кај оние кои патат од синдром на надразнети црева или воспалителна цревна болест.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина