Фрутаријанството е начин на исхрана кој се базира исклучиво на сирово овошје. Според експертите за исхрана, фрутаријанството станува се популарно, посебно во лето. Дури и оние кои не се љубители на овој начин на исхрана стануваат негови припадници. Работата е во тоа што овошната исхрана помага значајно да се загуби тежината и да се исчисти телото, но пред нејзиното користење најпрво потребно е советување со нутриционист.

 

Ова се некои факти за фрутаријанството, кои треба да се знаат пред да се премине на овој вид на исхрана.

 

Популарноста на овој вид на исхрана започнала во 1980 година, а се започнало во САД. До 2006 година лудилото по фрутаријанството се проширило низ целиот свет. Основните правила на овој вид исхрана се базира на сировото овошје, како и на некои видови зеленчук. Тука спаѓаат: авокадото, доматите, краставиците, маслинките, семињата и семките и јаткастите плодови.

 

Основната предност на оваа диета е таа што бобинките се главен извор на витаминот Ц, бета-каротенот и влакна. Овошјето исто така има различни антиоксиданси и е најкорисен дел од природата.

 

Фрутаријанството се карактеризира со отсуство на витаминот Б12, железо, фолна киселина и омега-3 масните киселини. Поради тоа не се препорачува долго време да се биде на оваа диета, бидејќи можат да се развијат разни проблеми во функционирање на телото: од анемија до кожни болести. Докторите препорачуваат да се држиме до ваквиот вид на исхрана една недела, а пожелно е тоа да се прави во летните месеци. Светската здравствена организација официјално препорачува да е јадат најмалку 5 – 6 порции овошје и зеленчук дневно. Тоа е, отприлика, 450 грама. Научниците од австралијанскиот институт за исхрана докажале дека седум или повеќе порции овошје и зеленчук дневно ја зголемуваат виталноста на телото и неговата отпорност на најопасните болести.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина