Доктор Керстин Стенсон, директор на Програмата за лекување на рак на главата и вратот во Медицинскиот центар на Универзитетот Раш, САД, има развиено нова терапија, која ја комбинира способноста на имунолошкиот систем да ги маркира малигните клетки со способноста на ласерскиот зрак да ги уништи. Овој експериментален третман навистина ветува: многу е прецизен и не ги оштетува околните ткива.

Оваа иновативна терапија претставува усовршување на третманот кој е веќе во употреба, т.н. фотодинамична терапија. Во оваа терапија на пациентот најпрво му се дава посебен лек, т.н. фотосинтетизер, кој се трупа во туморите и околу нив. Потоа, докторите го осветлуваат туморот со светлоста со одредена брановидна должина, кој го поттикнува апсорбираниот лек фотосинтетизер да произведува кислород, кој потоа ги убива околните малигни клетки.

Овој нов третман е отиден и еден чекор понатаму: во него лекот фотосинтетизер се комбинира со лабораториски произведено антитело, т.н. мононуклеонско антитело, кое се поврзува само за рецепторите на малигните клетки во главата и вратот. Лекот се дава интравенски и кружи низ целото тело, но се врзува само за малигните клетки.
Еден ден по давањето на овој лек, доктор Стенсон поставува мали ласерски оптички влакна на површината на туморот, или со катетер ги воведува директно во туморот. Потоа низ оптичките влакна се пропушта ласерска светлина, која ги погодува клетките означени со фотосинтетизерот. Тоа доведува до низа експлозии на молекуларно ниво, кои ги разградуваат мембраните на малигните клетки. Поради тоа молекулите на вода од околните ткива навлегуваат во малигните клетки и ги полнат додека овие не пукнат. Притоа може да се види како туморот ,,умира,, речиси на лице место. Побелува и се топи. Доктор стенсон вели дека овој третман е многу селективен и брз и дека поради тоа многу ветува. Тој не ги оштетува околните здрави клетки.
Тоа е значаен чекор напред во однос на фотодинамичната терапија која е сега во употреба, а кај која пациентите со месеци по третманот мора да одбегнуваат сончева светлина, поради тоа што честичките од фотосинтетизерот заостануваат во нивниот организам, а сонцето може да ги активира, што може да доведе до големи изгореници.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина