На плажа, како и во град, долгите, убаво обликуваните нозе, се најупадливиот женски адут. Затоа, ако сакате да бидете забележани летово, не губете време. Издвојте секој ден по 30 минути за да ги затегнете мускулите на нозете. Ефектите брзо ќе бидат видливи, а вие ќе се чувствувате поженствено и посамоуверено. Ви предлагаме неколку едноставни вежби за бутовите, листовите и за задникот.

1. Исчекор

vezba-iscekor

Застанете исправено, земете два тега, и исчекорите со десната нога така што да се потпирате на стапалото. Направете длабоко чучнување, така што да почувствувате како ви се затегаат мускулите на бутовите и листовите. Останете во таа положба неколку секунди, па станете, променете ја ногата и повторете ја вежбата. Направете по 4 серии од по 10 до 20 вежби.

2. Истегнување

vezba-istegnuvanje

 
Потпрете се на дланките и колената, исправете го грбот, подигнете ја главата, полека подигнете ја десната нога, колку што можете. Останете во таа положба неколку секунди и вратете се во почетната положба. Потоа повторете ја истата вежба со левата нога. Направете по две серии од по 10 до 20 вежби за секоја нога.

3. Баланс

vezba-balans

 
Легнете на грб, исправете ги нозете, рацете испружете ги покрај телото. Истовремено кревајте ги рацете и нозете во вис, колку што можете повисоко. Задржете се во таа положба 5 до 10 секунди и потоа вратете се во почетната положба. Стапалата за сето време држете ги исправени. Повторете ја вежбата 5 до 10 пати, па зголемувајте го бројот во согласност со физичките можности.

4. Вежба со топка

 

vezba-so-topka
Легнете на грб, нозете потпрете ги на топка, а рацете нека ви бидат испружени покрај телото. Полека подигнете ја испружената десна нога кон градите колку што можете повеќе, исправете го стапалото и останете во таа положба неколку секунди. Потоа вратете се во почетната положба и повторете ја вежбата со левата нога. Направете 4 серии од по 10 вежби за секоја нога.

Тагови: вежбижени
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина