Старите цивилизации го користеле ферментирањето како начин на зачувување на храната. Намирниците изложени на микроорганизми во специфични услови долго опстојувале. Денес, никој нема проблем со ваквиот вид, но старата пракса ја ревитализирале новите сознанија. Се чини дека Гвинет Палтроу и Џесика Бил и други холивудски ѕвезди кои го прославија овој вид на исхрана имаат право, бидејќи ферментираната храна е исклучително здрава.

Здравјето доаѓа од цревата

Клучот на се е во значењето и функционирањето на цревната флора на човекот. Уште таткото на медицината, Хипократ, учел дека секоја болест започнува во цревата, а модерната наука само ги има потврдено неговите зборови.

Нашиот дигестивен систем, кој е одговорен за 80% од целокупниот имунолошки систем, е во постојана комуникација со остатокот од телото. Го храни, го штити и го детоксифицира. Од дигестивниот тракт зависи функционирањето на комплетниот организам, бидејќи во него се произведува дури 95% серотонин, хормонот одговорен за доброто расположение. Цревната флора сочинува дури 90% од нашиот целосен генетски материјал. Звучи неверојатно, но само 10% од генетскиот материјал е само наш, не им припаѓа на микробите кои живејат во нас и кои го овозможуваат нашето функционирање.

Кога би ги ставиле цревата на рамна подлога, ќе добиеме површина со големина од еден тениски терен. Секој нејзин милиметар е покриен со микроби кои се толку важни што, ако го стерилизираме дигестивниот тракт, сосема сигурно многу брзо потоа ќе умреме.

 

Бактериите се скапоцени

Од тука е и значењето на ферментираната храна. Таа и годи на цревната флора, која не штити од токсините кои се внесуваат со храната или пијалоците, како и од сите нус-производи од варењето. Таа е наш најголем имунолошки орган, а со нејзиното нарушување доаѓа до дегенерација на цревниот ѕид. Тој станува пропустлив, варењето на храната станува неадекватно, па несварените делови од храната преминуваат во крвотокот. Така се развиваат и различните облици на интолеранција на храна. Контрацептивните пилули, стероидите, лековите, стресот, лошата исхрана, болестите, радијацијата и алкохолот, сето тоа делува негативно на цревната флора. На сите нас ни е познато дека по терапијата со антибиотици, кои ги елиминирале важните бактерии, треба да се земаат пробиотици и ферментирана храна, кои ги надоместуваат потребните бактерии.

Ферментацијата создава и корисни ензими, витамини, омега-3 масни киселини и различни видови пробиотици. Ја оддржува и рамнотежата на стомачната киселина.
Процесот на ферментација ги чува хранливите состојки во храната, но и го олеснува варењето. Храната станува полесна од сировата, бидејќи е веќе делуно сварена. Ферментацијата делува и како антиоксиданс. Кефирот, кој се подготвува со сирово млеко со помош на кефирни зрнца, е најсилниот природен пробиотик. Се користи во терапевтски цели, на почетокот постепено, а потоа по еден литар на ден. Можат да го користат и оние кои се чувствителни на лактоза, бидејќи бактериите ја имаат разложено на попрости шеќери кои нема да предизвикаат реакција кај интолерантните, што е уште една моќ на ферментацијата.

Ферментираната храна е жива храна со живи бактерии. Може да се чува долго, а во текот на денот е доволно да се внесуваат само три-четири ферментирани намирници. Меѓу нив спаѓа и ферментираното масло од црниот дроб на бакалар, одличен извор на витамини А и Д, ЕПА/ДХА киселина и 3, 6, 7 и 9 омега киселини. Богати ферментирани производи се и комбухата, производите од соја, како темпеха, мисо пастата и тамари, но и ферментираните зеленчуци, сирење и јогурт.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина