feng-sui_2

Вашиот дом мора да биде уреден и чист, за да може во него да владее позитивна енергија. Меѓутоа, понекогаш е потребно и позитивната енергија да заживее, а еве и како ќе успеете во тоа.

Првиот чекор во чистењето на домот е да ги фрлите сите непотребни работи и уредувањето на нередот, додека вториот чекор се однесува  на „енергетското чистење“, со кое се острануваат  насобраните енергетски остатоци, кои се резултат од негативните емоции, настани, мисли и стрес.

Имајте на ум дека се што се случува во просторот во кој што живеете, на некој начин се “апсорбира” и во ѕидовите, предметите, мебелот итн.

По „енергетското чистење“, енергијата е повторно свежа, има свој подем и на некој начин се просветлува и затоа може слободено да циркулира во просторот.

Понекогаш едноставно можете да ја почувствувате негативнате енергија во вашиот простор. Ако се чувствувате исцрпени или ви е потешко да си ги најдете своите работи во домот, тоа се некои од знаците дека е време да го исчиститите просторот во кој што живеете.

Постојат многу начини да го исчистите вашиот дом од лоша енергија, а подолу ќе можете да дознаете некои од нив.

Пуштете позитивна музика

Еден од начините да го исчистите вашиот дом од негативна енергија е да пуштите музика гласно. Според традиционалните кинески верувања, бучавата може да разбие некои од моделите на енергија. Позитивната духовна музика со својот ритам и моќни пораки влијае на начин така што негативна енергија се расчистува и исчезнува. Таквата музика е добра не само за нашиот простор, туку и за нашата душа, бидејќи таа буди позитивни мисли и емоции. Значи, ако сакате да се исчисти вашиот дом од насобраната енергија, гласно пуштете некоја позитивна музика, пејте, танцувајте за да ги избркате лошите мисли.

feng-shui-home-design

 

Ослободете се од старите и непотребни работи

Постои верување дека застоената енергија е заробена во старите работи, особено ако ги имате многу. Всушност, некои работи од минатото сеуште може на себе да ги имаат емоциите кои што сте ги чувствувале кога сте ги користеле, како што се тага, депресија, лутина итн. Со некои работи се поврзани и некои спомени, кои што се кријат зад нив, особено ако тие работи не се ваши. Значи, ако сакате да се ослободите од негативната енергија, ослободете го вашиот дом од таквите работи.

Преместете го мебелот

Реорганизацијата на мебелот е добра работа, бидејќи тоа ви помага да ја балансирате енергијата во собата. Според правилата на фенг шуи, мебелот во собата треба да биде наместен така што ќе остане што повеќе слободен простор, за да може енергијата да тече слободно. Ова ќе ги спречи злите духови и негативна енергија да се залепи за мебелот. Слободниот простор ќе ја расчисти енергијата (исто како и гласната музика) и ќе и овозможи таа слободно да тече.

Морска сол

Според некои традиционални верувања, морска сол е одлична за чистење на негативните вибрации. Доколку мислите дека во вашата куќа има лоша енергија, земете морска сол и ставете ја во аглите на домот и во дворот околу куќата. Исто така можете да помешате топла вода и сол и со тоа да ги избришете подовите.

Чистење теписи

Чистењето со жалфија е честа појава кај многу индијански народи. Тоа го вклучува процесот на палењето на растенијата бидејќи се смета дека чадот е исклучително корисен за да се прочисти просторот и за да се протераат злите духови. Доколку сакате да го исчистите просторот во кој што живеете, во сад запалете неколку ливчиња од жалфија и движете се низ домот со цел чадот да ја исчисти секоја просторија од лоша и насобрана енергија.

Исчистете го влезот во куќата

Следниот чекор во чистењето на просторот се однесува на чистење на надворешноста. Со чистењето на дворот, балкон или терасата може да се отстрани надворешната нечистотија која што во себе содржи лоша енергија. Со фрлање на ѓубрето во контејнерот насобраната енергија ќе биде отстранета.

Молитви

На самиот крај, според повеќето традиционални верувања, молитвата е многу корисна практика за да се избркаат лошите духови и негативните енергии. Медитацијата и изговарањето на позитивни мантри се одлични. Наоѓањето на внатрешниот мир ќе ви помогне да се справите со пониските сили и да се ослободите од негативноста.

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.