Статистиката на израелските истражувачи покажала дека тинејџерките кои премногу ,,висат,, на Фејсбук се значително посклони на нарушувања во исхраната, како што се анорексијата и булимијата. Истражувачите утврдиле: колку подолго време девојчињата минуваат на Фејсбук, толку е поголема опасноста да почнат повеќе да јадат, да станат незадоволни од својот изглед и да почнат некоја ригорозна диета, со цел да ја намалат телесната тежина.

Тоа се случува затоа што комуникацијата преку Фејсбук, советите кои можат да се најдат на него и системите на вредности кои оваа мрежа ги промовира создаваат нереална слика за тоа како човек треба да изгледа и да се однесува, која е поинаква од реалните ситуации во стварниот свет.

Овде навистина можат да помогнат родителите, кои со своето учество, надзор и вистинска грижа за децата можат да влијаат на впечатокот на своите ќерки за сопствениот изглед и со тоа да го намалат ризикот за тие да развијат некакво нарушување.

 

Тагови: Исхрана
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина