Стресот не доаѓа одеднаш. За среќа, човекот има способност да ги препознае сигналите за опасност. Од своето настанување, па се до врвот стресот минува низ три фази:

 

1.Фаза на тревога

Оваа фаза го најавува вистинското присуство на стресниот причинител.

Физиолошките реакции се појавуваат први и оној кои ги доживува го известуваат да биде внимателен. Кога личноста ќе стане свесна за состојбата во која се наоѓа (на пример, претерано работење или тешко пронаоѓање на решенија), таа може да се соочи со неа и да ја реши на задоволителен начин. Во тој случај, тој сигнал на стрес нема да се материјализира.
Кога стресот ќе ја премине границаа и кога личноста ќе сфати дека е на крај на силите, во тој миг станува свесна за стресот, бидејќи стресот се огласил.

Настаните кои ја придвижуваат таа тревога се:

  • еден извор на стрес (една ситуација…)
  • збир на повеќе стресни можности (различни можности кои се преплетуваат).

2. Фаза на отпор

Долготрајниот стрес минува низ фаза на тревога и личноста стига до фаза на отпор.

Пример за ова е еден директо кој се соочува со доцнењето на еден од своите вработени и затоа се обидува сета работа да ја земе во свои раце. А денот трае само 24 часа, a човековото тело може да издржи напори само до одредени граници. Тој е фрустриран и пати, затоа што тоа се последици кои произлегуваат од настанатата ситуација, тој губи многу енергија и неговото работење слебее. Тој сака да ја промени ситуацијата, но не знае што треба да направи. Тој влегува во волшебен круг желбата за да ги заврши сите работи му дава одредена сила, но објективно гледано не може да го издржи целиот товар. Му се заканува пропаст, доколку се продолжи таа состојба.

 

3. Фаза на напор

Фазата на замор е последната етапа од стресот. Се одликува со замор, анкциозност и депресија.

Замор: во овој случај тој нема никаква врска со оној замор кој еден селанец го чувствува по напорното работење. Кога се работи за нашиот директор од примерот, заморот не се повлекува по една непроспиена вечер. Заморот обично е проследен со нервоза, нестабилност, напнатост и гнев.
Aнкциозност: личноста е соочена со мноштво разни можности, не само стресни, туку и онакви кои во обични ситуации не би предизвикале стрес.
Депресија: личноста губи мотивација да биде активна, пати од несоница, мислите и стануваат песимистични, а чувствата кон себе негативни.
Кога ќе стигне во оваа фаза на змор директорот се наоѓа во влошена психичка и физичка состојба. Тој има повеќе непродуктивни работни часови, оди дома, но не е во состојба да се опушти и одмори. Со часови се обидува да заспие. Се буди наутро рано и мисли само на работите кои го чекаат.
Излезот од ваквите ситуации бара голем труд и во повеќето случаи бара помош вон кругот на семејството: доктор, психолог или психијатар. Наспроти тоа, кога е стресот сопрен во почетните фази, личноста може да ја одбегне неговата последна фаза.

Но, дали е стресот секогаш штетен и опасен? Одговорот е, не.

Одредена количина на неопходна напнатост односно стрес е корисна, бидејќи помага во остравувањето на највисоките цели и решавањето на најтешките проблеми.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина