Доколку сакате да бидете успешни во теретаната, мора да совладате некои основи. Ќе ви дадеме 6 совети за основите за дигање тегови и за работите кои морате да ги знаете за вежбањето, а во кои никој не верува. Поголемиот број на луѓето трошат време на нови програми за вежбање и нови диети, но се она што во суштина треба да го направите е да се концентрирате на овие едноставни вежби и набрзо ќе ги видите резултатите.

 

Нема резултати без подолг период вежбање

 

Поголемиот број од луѓето мислат дека за кратко време ќе постигнат резултат. Но на тоа треба да се гледа поинаку – Целта не е да се изгубат 20 килограми за 3 месеци, целта е да си го подобрите целокупното здравје.

Исто така, целта не треба да ви биде да се ојачате толку за да можете да подигнете 100 килограми. Целта е никогаш да не го пропуштите вежбањето. Исто така, цел не треба да ви биде да жртвувате се за да го постигнете сопствениот рекорд во трката на 100 метри. Целта е да бидете побрзи наредната година отколку денес. И побрзи за две години, отколку што ќе бидете следната година. Не обрнувајте внимание на краткорочните резултати. Ако вежбате подолг период, резултатот секако нема да изостане.

 

Направете распоред на вежбањето

 

Повеќето луѓе не вежбаат редовно, бидејќи никогаш не се сигурни кога наредниот пат ќе можат да вежбаат. Се прашуваат дали ќе имаат сила да вежбаат кога ќе се вратат од работа, дали ќе имаат доволно време да му се посветат на вежбањето и слично. Или, со други зборови, повеќето луѓе вежбаат само кога се мотивирани и инспирирани. Најдобро би било да престанете да вежбате во мигот кога „ќе ви се наместат сите коцки“ и да направите распоред кон кој ќе се придржувате. Управувајте се според распоредот, а не според мотивацијата.

 

Фокусирајте се на најдобрите вежби

 

Повеќето луѓе поминуваат одредено време во теретана, без никаква посебна цел, па вежбаат малку на оваа, па малку на онаа машина. Постои едноставно правило во врска со вежбите- што повеќе се движите во текот на одредена вежба, повеќе ќе постигнете.

 

Вежбите во кои има најмногу движења се вежбите за дигање тегови со чучњеви, дигање и подигање и вежбите за држење тегови над главата или над вратот и над рамената додека правите чучњеви.

 

Резултатите се неверојатни. Уште некои добри вежби се спринтот и склековите.

 

Во почеток повеќе вежбајте сила отколку брзина.

 

Многу е убаво што сакате да вежбате интензивно, но најголема грешка која ја прават луѓето е тоа што не се фокусираат на стекнување сила. Сите сакаат што побрзо да ги направат вежбите и да постигнат сопствен временски рекорд. Во почетокот на вежбањето, вежбите треба да бидат полесни.

 

Секоја недела треба по малку да напредувате

 

Повеќето луѓе кога ќе отидат во фитнес салата ја подигаат истата тежина секој пат и прават ист број повторувања и сите вежби ги вежбаат со почетниот број на повторувања. Ќе сретнете на пример луѓе кои кои на лентата за трчање трчаат секогаш по 2 километри, и не губат килограми. Исто како на пример, кога се навикнуваме на новите животни околности- (на пример работа во бучна просторија од почетокот ни пречи, но подоцна престануваме да ја забележуваме буката), па така и нашето тело се навикнува на вежбите кои ги правиме. Значи, ако сакате резултати секоја недела, зголемете го бројот на повторувања или должината или пак брзината на трчање секоја недела. На овој начин, резултатите неа да изостанат.

 

Забележувајте го својот напредок

 

Земете некој нотес и во него бележете го својот напредок од недела во недела. Тоа може да биде и многу добра мотивација за вежбање.