Редовното вежбање не само што помага по породувањето, туку може исто така да помогне и за зачнувањето. Потребни се само четири часа дневно или помалку. Не треба да се престане со вежбање ни во поодмината бременост, туку треба да се оддржува своето темпо. Иако жените честопати мислат дека напрегнувањето не иде рака под рака со големиот стомак, бројни истражувања го сугерираат токму спротивното. Освен што може да го олесни породувањето и подоцна враќањето во добра форма, научниците велат и дека го намалува ризикот од постпородилната депресија. Последната студија следела повеќе од 600 трудници и колку тие вежбале за време на седумтте месеци од бременоста. Се покажало дека дури 15% од нив, кои биле целосно неактивни, подоцна пателе од постпородилна депресија. Оние жени кои се придржувале до упатствата за 150 – минутно дневно вежбање со умерен до позаилен интензитет, покажале симптоми на депресија само во 3% случаи.

 

Британската национална здравствена служба советувала и како да се препознае дали се вежбите преинтензивни.

 

– Додека вежба, трудницата треба нормално да разговара. Ако остане без здив, тогаш вежбите се пренапорни – советуваат Британците.

 

Што се однесува до повочниот ефект од вежбањето врз расположението и ма намалувањето на можноста од постпородилна депресија, причините се воглавно исти кај трудниците како и кај останатите. Вежбањето едноставно поттикнува создавање нови врски меѓу нервните клетки во мозокот, и тоа во пределот која го контролира расположението.

 

Ова истражување само го потврдило претходното кое го спровеле Норвежаните. Научниците од Универзитетот во Осло, Норвешка, откриле дека оние жени кои вежбаат редовно во бременоста го намалуваат ризикот од депресија за петтина во однос на жените кои воопшто не вежбаат. Трудниците кои често вежбат имаат помали шанси за појава на висок крвен притисок и прекумерно трупање килограми.

 

Вежбањето не треба да го запоставуваат ниту жените кои штотуку планираат да формираат семејство. Новата студија препорачува четири часа интензивен тренинг неделно, додека научниците тврдат дека може да влијае врз плодноста кај жените кои имаат историјат на абортуси.

 

За време на истражувањето сфатиле и дека постојат разлики зависно од тежината на жените, така, кај оние со прекумерна телесна тежина веќе 10 минути прават разлика. Имено, 10 – минутна секојдневна прошетка ги зголемува шансите за забременување за 82% во следните шест циклуси. Дури не е ни потребна поинтензивна вежба од една обична прошетка. Кај слабите жени немало вакви позитивни резултати.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина