Прашајте го било кој инструктор во нашите теретани за вежбата мртво кревање и ќе добиете негативен одговор, дека таа вежба е лоша за вашето тело и кичмата и дека голема е шансата за повреда. Но друг е фактот дознајте што е тоа во следната статија!

Прво и основно тоа е најдобрата вежба за мускулите spinal erectors кој е еден од нишката мускули кој ве држат исправени и затоа многу луѓе страдаат од болки во грбот, заради овој слаб мускул. Во еден од разговорите со ортопед ме праша зашто луѓето во село имаат ретко болки во кичмата, одговорот мој беше зашто имаат јаки мускули на задниот синџир, јадрото и цело време се активни.

Spinal Erectors

Многу луѓе не ја разбираат поентата на кревањето тешко и додавање на мала тежина на шипката.

Исто многу луѓе се против вежбата мртво кревање која ако го прашате вашиот инструктор ќе ви каже дека е лоша за кичмата,но ако идеме и по таа логика секоја вежба е лоша ако не се изведе правилно па и бенч прес која може да биде лоша за ротирачкиот зглоб на рамото.

Еве како треба да ја направите коректно.

Само едно знам дека чувството и возбудата кога сакаш да срушиш рекорд не се споредува со ништо друго, зашто знаеш дека во тој момент знаеш дека тоа е голема тежина, но ти свесно треба да речеш дека тоа е пердув зашто битни се првите моменти на размислување кој ќе кажат дали ќе кренеш или не.


Исто приоритет треба да ви биде изведувањето на сите вежби коректно и под надзор на стручно лице, зашто така најдобро ќе ги запознаете основните вежби, нивното изведување ефикасно кое ќе ја намалите шансата за повреда.

И ако мртво кревање беше толку лоша вежба, мојот грб немаше да изгледа вака а и заради толкавата мускулатура на грбот јас немам никакви проблеми со кичмата после додавање на истата вежба.

picisto-20150614122528-467146