Имате проблеми со забите и косата? Постојано сте уморни? Имате лоша концентрација? Сите овие знакови ви порачуваат дека лошо се храните

Работните обврски, обрврските околу семејството и децата, но и сите други секојдневни работи често пати ни отежнуваат да ги забележиме суптилните промени кои се случуваат во нашето тело. Човечкото тело, велат експертите, многу рано започнува да покажува симптоми дека нешто не е во ред и дека не доволно внимаваме на себе и своето здравје. Најчесто се уништуваме со лошата исхрана, недостатокот на физичка активност, но и стресот. Подолу можете да прочитате неколку знаци на предупредување дека треба да застанете и да промените некои нешта во животот. промени

Лош квалитет на косата

Испукани врвови, опаѓање на косата, прекумерно масна коса и првут се знаци дека лошо се храните и дека на вашиот организам му недостасуваат протеини, здрави масти, железо и цинк, како и витамин Ц. Косата меѓу првите почнува со испраќање на пораки дека не сте во рамнотежа.

Видливи знаци дека стареете

Стареењето никој не може да го избегне, но сувата кожа и појавата на брчки да.
Исушувањето на кожата и појавата на брчките понекогаш се случуваат порано, бидејќи не внесуваме доволно витамини и овошје и зеленчук, и тоа посебно оние богати со витамините А, Ц, Д и Е.

Лоша состојба на усната шуплина

Воспаление на непцата, крварење на непцата, често крварење на забите, паѓање на забите и промени на јазикот укажуваат на тоа дека во храната што ја консумирате се содржи премногу нездрав шеќер. Можеби вие дури и не јадете слатки секој ден, но консумирате безалкохолни сокови и друга храна за која не ни знаете дека во својот состав содржи толку шеќер.

Нагло губење и добивање на телесна тежина

Секоја било каква нагла промена во телесната тежина е знак дека сте во тотална нерамнотежа, а истражувањата покажуваат дека тоа со текот на времето води и до појава на карцином. Затоа, бидете внимателни околу тоа што и колку јадете.

Проблеми со концентрацијата и меморијата

Ако забележите дека често заборавате работи, имате лошо паметење или пак тешко можете да се сконцентрирате, веројатно преку својата исхрана не внесувате доволно омега 3 масни киселини, кои се од суштинско значење за здравото функционирање на мозокот.

Проблеми со варењето на храната

Проблемите со варењето на храната, како што сеопстипацијата (запекот), дијареата и подуеноста се уште еден од знаците дека лошо се исхранувате и правите погрешен избор на хранливи намирници. Трудете се преку храната да внесувате што е можно повеќе намирници кои се богати со растителни влакна, кои се здрави и повеќе заситуваат.

Замор и исцрпеност

Повеќето луѓе попрво ќе се пожалат на симптоми на замор и исцрпеност, а токму тие се и првите знаци дека лошо се храните и со тоа му штетите на вашиот организам. Овој проблем можете да го решите само на еден начин- со промена на начинот на исхрана во смисла на настојување да внесувате што е можно повеќе здрави намирници, постоа секако редовна физичка активност и редовен и квалитетен сон. Доколку на сето ова додадете и 30 минути дневно кои ќе си ги посветите исклучиво на себе и правите активност која ве релаксира и опушта, гарантирано ќе имате повеќе енергија и ентузијазам за денот пред вас.