Еукалиптусот (лат. Eucaliptus globulus) е дрво со раскошна круна, потекнува од Австралија и единствена храна им е на коалите. Листовите поседуваат лековита моќ, а во народната медицина најмногу се користи за болести на дишните патишта, бидејќи содржи завидни количини разновидни есенцијални масла. Посебно еукалиптол, силен антисептик. Маслата поседуваат и антивоспалителни и антибактериски својства, поради и што имаат широка лепеза на делување, а како лек први го откриле древните Абориџини.

 

Денес, насекаде во светот е познато дека еукалиптусот помага кај грип и настинка. Освен што ги уништува бактериите, етеричното масло го поттикнува лачењето на слузта и ги чисти бронхиите. Во случај на настинка пожелно е пред спиење неколку капки масло да се стави во навлажнувач на воздухот. Неговото поволно дејство ќе трае во текот на ноќта.

 

Од листовите на еукалиптусот се подготвува чај, тинктура и прав, кои се препорачуваат кај воспаление на синуси, акутен и хроничен бронхитис, воспаление на грлото и кашлица.

 

Маслото од ова дрво ги освежува мислите и им годи на сетилата, па е погодно кај исцрпеност и постојана изложеност на стрес. Освен тоа, докажано ја подобрува концентрацијата и ја забрзува работата на мозокот. Им помага и на оние кои хронично патат од депресија и психијатриски нарушувања. Поради силнотоделување, маслото од еукалиптус не треба да го користат деца помлади од шест години, трудници, доилки и астматичари.

 

Чај против малаксаност

 

Се подготвува така што во 100 мл. врела вода се става прстофат или два суви листови еукалиптус и се остава да проврие неколку секудни. Потоа се трга од огнот и се остава да отстои уште 10 минути. Оладениот чај се процедува и се пијат две до три шолји дневно.

 

Како се користи маслото?

 

Етеричното масло од еукалиптус посебно се препорачува за инхалација на воспалени синуси и кај потешки настинки. Се подготвува така што 10 капки масло се доддава во сад со врела вода, која не врие. Инхалирањето се врши со длабоко вдишување на пареа неколку пати дневно, 10 до 15 минути.

 

Маслото е ефикасно и против кариес, забен камен, воспаление на непцата и инфекции на усната шуплина, бидејќи успешно ги уништува сите микроби. Затоа се става во пастите за заби, водите за освежување на здивот и разни дентални производи.

 

Совршено средство е за чистење и подмладување на испуканата кожа на рацете и стапалата. Во топла купка се става прво малку морска сол, а потоа неколку капки масло од еукалиптус. Во оваа купка држете ги рацете и стапалата 15 до 20 минути, најдобро навечер ,пред спиење.

 

Неколку капки масло од еукалиптус измешано со кокосово и маслиново масло исклучително ја негува косата. Ако оваа мешавина ја втриете во коренот на косата, ќе се ослободите од перутот, ќе ја смирите иритацијата на скалпот, а здравата коса ќе биде уште поубава.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина